Во Франција од корона вирус почина 16-годишна девојка


 

Во Париз, Франција од корона вирус почина 16-годшна девојка Жули А., а нејзината мајка Сабине за France24 раскажа дека се случило многу брзо откако почнала да кашла.

Таа се обидела да ги ублажи симптомите со чај, сируп и со инхалации.

Со оглед ан тоа што корона вирусот потешко ги погаѓа старите лица, овој случај ја потресе цела земја.

„Тоа е неподносливо. Живеевме и понатаму мислевме да продолжиме со обичен живот“, вели Сабине во телефонски разговор.

Откако била примена во болница Жули била скенирана и неколкупати подложена на тестови но состојбата значително се вложила по што во четвртокот починала. Лекарите велат дека кај млади луѓе ова е многу ретко.

„Од почетокот ни велеа дека вирусот не е опасен за младите. Во тоа верувавме, како и сите други“, додава Сабине, наведувајќи дека ќерка и немала други заболувања.

Франција е во карантин од 17 март. Заразени се 32.964, на интензивна нега се 3.355 пациенти, а 14.000 луѓе се во болница.

Починаа 1.995 лица, а само во четвртокот имаше 365 нови смртни случаи.