Во Шпанија уште 832 мртви, во Франција 299


Бројот на смртните случаи од корона вирусот во Шпанија денеска се искачи на 5.690, повеќе за 832 во последниве 24 часа. Досега има починати 5.690 лица. Вкупниот број на заразени е 72.248. Од нив на интензивна нега се 4.575, а излечени се 12.285.

Во Франција последните 24 часа однесоа 299 животи, со што бројот на смртните случаи се искачи на 1.995. Позитивни на Ковид-19 се 32.964 лица. Бројот на пациентите кои лежат во болница е 15.732, а на интензивна нега 3.787.