Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа

Општина Ресен информира дека и овој викенд е забранет престојот и подолго задржување во туристичките и излетничките места во Преспа.

Од секторот за односи со јавност посочуваат дека најавата за подобрување на временските услови не значи и отстранување на забраната за викенд во Преспа и во таа смисла не е дозволен престој во Отешево, Стење, Крани, манастирот во Курбиново, Претор, Сливница…и други туристичко-излетнички места.

Борбата против коронавирусот е заедничка, порачуваат од Општина Ресен, и затоа во овој момент граѓаните треба да останат дома.