Мицкоски подготвен да помогне на Владата, нуди економски мерки


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е сериозно загрижен дека државава е пред прагот на најголемата економска криза од нејзиното осамостојување до денес, а таа дупка која што тврдат дека е 1 милијарда и 200 милиони евра не е случајно направена.

„Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ за мене е јасно дека на владата и треба помош, исто како и на државата. И јас подавам рака за да помогнам. И сум силно убеден дека она што го предлагаме и овие предлози кои ги нудиме е излезот од оваа криза. Затоа подготвен сум ако треба да дојдам во влада и да ги образложам, да ги одбранам решенијата, да споредиме и да се извлечеме од оваа криза, а да го аплицираме она што е најдобро за Македонија и за нејзини граѓани“, рече Мицкоски.

„Еве го начинот на кој што владата може да дојде до 1 милијарда 200 милиони евра без кратење на плати, удирање по бизнисот и работниците. И тоа ќе го соопштам во три чекори.

Покрај веќе она задолжување кое што како процедура е отпочнато, а владата бара 400 милиони евра како заемобанките и заемодавателите и останати околу 200 милиони од ММФ и Светската банка која што доколку успешно се реализираат средствата би биле достапни за бизнисот и за граѓаните некаде во првата половина на месец мај. Вториот чекор кој што всушност треба да биде и прв чекор е веднаш благајничките записиа кои што стерелизираат од прилика 25 милијарди и 200 милиони денари средства ликвидност на банките во Народната банка веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат.

Вториот чекор кој што го нудиме а голем број европски држави, пред се тука мислам на Балтичките држави кои што во времето на финансиската криза во 2008 и 2009 година, потоа државите од Централна Европа, како што е Полска, Унгарија го направија во услови на криза а тоа е средствата кои што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни 10 милијарди денари кои што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите. Еве начин како да обезбедиме дополнителни 35, 36 милијарди денари заедно со оние  600 милиони евра кои што веќе тргнавме во потрага во обезбедување во Светот, ќе значи сигурно, надежно и безбедно пребродување на оваа пред се здравствена, а потоа и економска криза.

Тоа е планот 1 милијарда и 200 милиони евра кои што веднаш владата може да го реализира. Повторувам веднаш без одлагање, бидејќи свесни сме и ние и сведоци сме дека се што во минатото ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ предложивме беше на прво одбиено, за да 15 – 20 дена потоа беше аплицирано, за жал задоцнето и ефектите од таквата апликација изостанаа“, предлага Мицкоски..