Киднапиран директор на болница сред корона вирус криза


 

Дирекотрот на една од главните болници на Хаити е киднапиран во петокот среде борбата со крона вирусот, а персоналот на болницата во знак на протест одби да прими пациенти.

Хирургот Џери Битар е киднапиран кога тргнал од дома на работа во болницата „Бернард Мевс“.

Голем борј луѓе се собраа пред болницата во знак на солидарност со Битар, кој ја води заедно со братот близнак, додоека персоналот бара негово пуштање на слобода, пренесе Хина.

Бројот на киднапирања во Хаити заради откуп оваа година драстично се зголеми поради економската и политичката криза, која според Светската банка е најсиромашна земја на западната хемисфера.

Полицијата само во јануари потврди 15 киднапирања.

Бандите неселективно земаат заложници, од ученици, до политичари, бизнисмени и други.

Според податоците на Истражувачкиот и образовен конзорциум за акутна нега на Хаити од 2019 годна, земјата има само 64 респиратори за околу 11 милиони жители, што ја прави земјата посебно ранлива во овој период.

За сега на Хаити има осум потврдени случаи на корона вирус, а иако е прогласена вонредна состојба, сиромашното население кое живее на улица не ги следи мерките.