Француски оперски пејач секој дел има настап од тераса


Францускиот оперски пејач Стефан Сенешал (43) секојдневно пее на балконот, со цел да ги охрабри своите соседи во време на корона-криза и забраната за движење во Франција.Тенорот секоја вечер во 19 часот има настап и тоа трае веќе две седмици. – Јас не сум лекар, не сум херој, не сум болничар. Сe што знам е […]

Муакетов: Ќе произведуваме повеќе дезинфекциски средства


Дел од производните линиии на Алкалоид за производство на шампон се пренаменуваат за производство на дезифициенси со цел да се задоволи големата потреба за овие производи, изјави за Телевизија 24 генералниот директор на фабриката Алкалоид, Живко Мукаетов. Тој потврди дека во текот на март производството на дезифициенси ги надмина производените количини во изминатите три години, […]

Заев: Непопуларно е, ама ќе кратиме плати


Кратењето на платите во администрацијата е непопуларна мерка, но ова е ситуација во која не можеме да калкулираме, мора да се поставиме државнички и ова да го поминеме на нозе, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на гостување во телевизија „Алсат“.Заев посочи дека изедначувањето на платата на сите е на линија на солидарноста на граѓаните, […]

Забрана за движење за викенд од 16 до 5 часот за сите граѓани


Забраната за движење на целата територија на државата денеска и утре ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот, согласно одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите. Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење […]

НБМ: Денарот е и ќе остане стабилен – нема промени на нивото на неговиот девизен курс


Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, соопшти утрово Народната банка на Македонија , откако вчера на некои портали и социјални медиуми се шпекулираше на оваа тема. „Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на курсот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане […]

Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето


Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот. Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ. Веќе од следната година треба да стапи во сила предлогот за […]

Анкара ги режирала инцидентите на границата со Грција, носела бегалци со автобуси


  Турската држава беше вмешана во неодамнешните инциденти на турско-грчката граница, објави германскиот весник Шпигел. Неделникот повикувајќи се на информации на Германската разузнавачка служба БНД, наведува дека пред еден месец турската Влада ги качила бегалците во автобуси и ги одвела на грчката граница. Помеѓу илјадниците мигранти имаше и турски војници кои ги поттикнуваа бегалците да […]

Психолози: Некои луѓе не можат да останат дома за време на пандемија


Настојувајќи да го објаснат игнорирањето на опасноста од новиот коронавирус и луѓето кои „се однесуваат по старо“, психолозите со кои разговараше Си-Ен-Ен, наоѓаат низа објаснувања, од кои поголемиот број се сведуваат на човечката природа. Гордон Асмундсон, професор по психологија на Уннверзитетот Реџина во Сасјачеван, проучувајќи ја ова општествена појава ги подели луѓето на три групи […]

Групна тужба против австриската покраина Тирол за ширење на корона вирусот


Здружението за заштита на потрошувачите на Австрија (ВСВ) најави тужба против покраината Тирол поради несовесно однесување во случај на ширење на новиот коронавирус во скијачкиот центар Ишгл и обидот за забошотување на заразата. За два дена се пријавиле 400 лица, од кои 350 Германци, кои сакаат да ја тужат австриската покраина Тирол. Според ВСВ, властите […]

Час на планетата Земја – над 8.000 градови во 180 држави ќе ги исклучат светилките


По повод глобалната еколошка акција, Часот на планетата Земја, нашата држава вечерва во 20:30 часот, заедно со над 8.000 градови во над 180 држави низ светот, ќе ги исклучи светилките со цел испраќање силна порака за спас на нашата планета. Од Часот на планетата Земја повикуваат годинава, наместо од улиците, да се обединиме во своите […]

Грчко МНР: Добредојде за нашите соседи во НАТО семејството


Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот „Твитер“ профил упати честитки за нашето членство во НАТО, додавајќи дека очекува конструктивна соработка, јави дописничката на МИА од Атина. -Ѝ честитаме на Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО како 30-ти член на Алијансата. Добредојде за нашите соседи во НАТО семејството и очекуваме конструктивна соработка […]

Од скопските општини најмногу заболени – 27 има во Карпош, возраста на заболените во земјава од 2 до 91 година


На пошироката територија на Скопје заболени со корона вирус има пријавено во десет општини и тоа во Карпош – 27, во Гази Баба, Кисела Вода и Центар по 20,  Ѓорче Петров -11, Аеродром – 8, Сопиште – 7, Бутел – 4, Чаир – 3 и Илинден – 2, информираат од Институтот за јавно здравје. Заклучно […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од три до 13 степени, Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува […]

Здравјето нема цена, седете си дома – интервју со Весна Ѓиновска-Илкова, примадона


Лејла Сабит Вежбањето на гласот и сега, во време на коронавирусот и е како кафе наутро. Вели, навиката си го прави своето. Примадоната Весна Ѓиновска-Илкова, првенец на Македонската опера и балет и редовен професор на ФМУ, која плени со својата моќна вокална и драмска изведба во текот на 25-годишната кариера, одговорно се однесува во екот […]

За компаниите кои ќе отпушат вработен нема помош, најави Спасовски


Компаниите што ќе поделат дивидента не може да користат поволност, ќе има критеируми да нема отпуштање работници. Секој еден којшто отпуштил работници веднаш кога започнала кризата, тој не може да искористи дел од мерките, соопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски на Канал 5 за мерките и помошта на Владата за април и мај. „Во првиот сет […]

Заев: Да имаше избори, ќе победевме


Сите анкети кои беа направени во февруари, пред да започне коронакризата покажаа дека СДСМ заедно со коалицијата води со 4-5 отсто пред опозицијата. И доколку се оддржеа изборите на 12 април анализите покажуваа дека дефинитивно победуваме. Но, нема поважно од здравјето на луѓето, како и санацијата на економските последици, затоа датумот за избори ќе биде […]

(ВИДЕО) Мицкоски побара извинување од Чомовски зашто го поистоветил со Груевски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 се скара со водителот и новинар Горазд Чомовски, бидејќи го спореди со Никола Груевски, па побара да му се извини. Во текот на интервјуто водителот изнесе констатација дека Мицкоски не може да излезе од матрицата на Никола Груевски поради тоа што ги дели луѓето […]

Во хотел во Битола сместени повратници од странство


Општина Битоласе огласи откако два автобуси со повратници од странство се сместени во познат хотел среде Битола. – Пристигнатите лица, наши сограѓани, се сместуваат во контролирана изолација, со полициски надзор, а претходно прегледани од доктори. Изолацијата која до сега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолација контролирана на ваков начин, бидејќи се […]

Војниците кои се враќаат од мисии во странство ќе бидат во карантин


Припадниците на Армијата на Македонија кои се враќаат од мировни мисии и вежбовни активности во странски држави ќе бидат спроведени во карантин во објектите и касарните, одлучи Владата на денешната 30-та седница. Владата на денешната седница, исто така, го разгледа и усвои записникот од Дванаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување на целосна […]

Излекуваните од Ковид-19 можат да останат носители на вирусот


Луѓето кои се излекувани од новиот коронавирус можат да останат носители на Covid-19 и треба да бидат повторно тестирани, изјави вирологот и директор на Научно-истражувачкиот центар во францускиот град Безансон, Филип Имбер. – Може да се излекувате од вирусот, но сѐ уште да го имате во носната шуплина и на тој начин да го ширите. […]