Муакетов: Ќе произведуваме повеќе дезинфекциски средства


Дел од производните линиии на Алкалоид за производство на шампон се пренаменуваат за производство на дезифициенси со цел да се задоволи големата потреба за овие производи, изјави за Телевизија 24 генералниот директор на фабриката Алкалоид, Живко Мукаетов.

Тој потврди дека во текот на март производството на дезифициенси ги надмина производените количини во изминатите три години, а како резултат на настаната криза со корона вирус. Тој потврди дека приоритет во снабудување со средствата за дезинфекција имаат болниците, војската и институциите, но производството тече непрекинато и затоа апелира до граѓаните да не прават залихи.

„Имаме сериозни залихи на основните лекови, а производство на дезифициенси го зголемуваме и затоа апелирам граѓаните да не прават непотребни залихи. Исто така, главен приоритет во моментов ни е задоволување на потребите на македонскиот пазар“, изјави Муакетов.

Тој увери и дека како резултат на зголеменото производство на дезифициенси нема да трпи производството на другите медицински препарати, како физиолошки раствори и препарати за дијализа.

Муакетов најави и 40-тина нови вработувања од април за да се постигне зголемениот обем на работа.