Мапа на заболени од коронавирус во Скопје


Институтот за јавно здравје по претходната најава што ја даде министерот за здравство Венко Филипче, изработи детален приказ на општините во Скопје од каде што се лицата кај кои е дијагностициран корона вирусот. Од Карпош се 27 лица, од Гази Баба 20, од Кисела Вода 20, од Центар 20. Има 11 лица кои се од […]

Вработен во ЈСП позитивен на корона вирус


Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека станува збор за лице кое не било во контакт со колегите повеќе од две недели, со оглед на примена на владината мерка за ослободување од работни обврски на хронично болни лица. – Лицето не било […]

Вучиќ-Брнабиќ: Одиме на масовно тестирање и масовна изолација


Србија нема да носи потешки мерки, да затвора градови, туку од утре почнува со масовно тестирање, масовна изолација на полесните случаи во „привремените болници“ и заострување на казнената политика за непочитување на мерките во борбата против коронавирусот, порачаа на денешната прес конференција српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ. Како што јави дописникот на […]

Закерберг и Гејтс даваат 25 милиони долари за борбата против коронавирусот


САД– Претседателот на Фејсбук Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чан заедно со добротворниот фонд на еден од основачите на Мајкрософт Бил Гејтс, ќе дадат 25 милиони долари за истражување на препарати, со кои може да им се помогне на заразените со коронавирусот. Ова го соопштија Закерберг и Чан во денешното интервју за телевизијата Си-Би-Ес. […]

Одложувањето на акционерските собранија влијае врз цената на акциите, смета Берзата


Правната промена во делот на одржување на годишните собранија на акционери за време на вонредната состојба, со сите импликации што од тоа ќе произлезат за работењето на акционерските друштва, секако ќе има големо влијание на тргувањето со хартии од вредност на берзата, соопшти денес Македонската берза. „Пред се, во најавените и очекувани тајминзи инвеститорите нема […]

Со авион од Загреб вратени 169 македонски граѓани


Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, вечерва организираше враќање во земјата на 169 македонски граѓани од Загреб. Претходно, во попладневните часови беше организиран лет за 118 македонски граѓани од Валета, Малта. Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации на јавниот повик […]

Во ек на корона вирус, контактните леќи заменете ги со очила


Со прогласување пандемија од корона вирус беа издадени бројни насоки за заштита на нашето здравје. Една од мерките вели дека треба да ги заштитиме и нашите очи, односно да спречиме инфекција. Според Американската академија за офталмологија, носењето очила место леќи може да ви помогне да престанете да го допирате лицето, што е клучно за да […]

Само во 20 земји нема корона вирус


Пандемијата од корона вирус го зафати речиси целиот свет. Вирусот кој почна од Кина се рашири на сите континенти, освен Антарктик, но се уште има земји во кои не е регистриран ни еден случај на заразени од корона вирус. Од 195 држави на светот кои се признати од Обединетите нации, во само 20 за сега […]

Уште четири лекари умреа во Италија, вкупно 46 од почетокот на епидемијата


Во Италија продолжуваат да умираат не само заболените луѓе од корона вирусот, туку и оние што ги лечат – докторите. Според податоците на Цивилната заштита во изминатиов ден починале уште четири лекари, со што бројот од почетокот на епидемијата се искачи на 46. И овие починати лекари се од болниците на северот на Италија. И […]

Халкбанк ја одложува наплатата на кредитите за 6 месеци


Халкбанк АД Скопје донесе одлука на сите физички лица, клиенти на банката, кои по било која основа немаат ненаплатени кредитни обврски подолго од 90 дена на датум 29.02.2020 година, да им понуди одлагање на отплатата на кредитните обврски (кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка) за период од 6 месеци и продолжување на […]

Столтенберг: Добродојдовте во НАТО!


Церемонијата за подигање на знамето на Северна Македонија пред седиштето на НАТО ќе се одржи на 30 март годинава во присуство на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Воениот комитет на НАТО воздухопловниот маршал сер Стјуарт Пич и Зоран Тодоров од делгацијата на нашата земја во НАТО. Знамето на Северна Македонија ќе биде […]

Лагард: ЕУ е премнгу бавна за да одговори со итни мерки


Шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ги повика лидерите на ЕУ да работат посилно за да го ублажат влијанието на пандемијата на коронавирусот врз економиите, откако европскиот блок се подели околу тоа колку далеку да се оди со мерките. Јужните членки на Европската унија негодуваат откако 27 лидери не успеаја да се договорат, […]

Италија урива црни рекорди, за еден ден 969 мртви


Во последните 24 часа во Италија починаа 969 лица од новиот коронавирус, а регистрирани се 5.909 новозаразени. Со тоа вкупниот број на смртни случаи достигна 9.134, а потврдени се 86.498 заболени. – Тоа е најголем број на починати луѓе во еден ден, соопшти Службата за цивилна заштита во Рим. Вкупно 10.950 лица се хоспитализирани во […]

Пендаровски: Земјата сега не е само дел од НАТО, туку и на системот за размена на информации


Додека светот се бори со пандемијата на коровирусот, Северна Македонија станува членка на НАТО и ги отвора преговорите за членство во ЕУ, информираша денеска Би-би-Си на српски јазик, објавувајќи го инервјуто со македонскиот преседател Стево Пендаровски. Како што јави допиникот на МИА од Белград, во интервјуто направено преку Скајп, Пендаровки кажа дека „не може ниту […]

„Бош“ разви тест за корона вирус – резултатите за три часа


Германскиот технолошки гигант „Бош“ објави дека развил брз тест за корона вирус, а „Сименс“ најави формирање на 3Д мрежа за печатење на делови од медицински уреди. Целосно автоматизираниот тест дава резултати за помалку од два и пол часа, а наменет е за употреба во болници, лекарски ординации и други здравствени установи, се вели во соопштението […]

Влада: Земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот


Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 30. седница на која како прва точка го разгледа и усвои записникот од Дванаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, одржан на 27 март 2020 година. Како една од точките на овој […]

МФ: Со уредба се регулира секоја фирма да може да доставува фактури по електронски пат


Со донесена уредба од страна на Владата, а во насока на превенција од Ковид-19, се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма, ПДФ, без разлика дали е потпишана со дигитален сертификат или не, до своите клиенти, соопштија од Министерството за финансии. Од Министерството наведоа дека на тој начин компаниите ќе се ослободат од потребата […]

Спасовски: 27 март се запишува со златни букви во нашата историја


Република Северна Македонија и официјално е новата, 30-та членка на НАТО. 27 март се запишува со златни букви во нашата историја. Ја остваривме првата од двете стратешки цели, објави на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски, по депонирањето на инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор. – Денеска во Вашингтон го депониравме инструментот за ратификација на […]

Помпео: Северна Македонија стана 30.членка на НАТО


САД денеска од Република Северна Македонија го примија инструментот за пристапување во НАТО, со што Северна Македонија стана 30. сојузничка на НАТО, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео. Во соопштението се вели дека знамето на земјата за прв пат ќе започне да се вее пред седиштето на НАТО на 30 март. – Како што кажа […]

Шекеринска: Сега имаме НАТО Армија


Нека ни е честито. Денеска влеговме под чадорот на колективната безбедност кој штити милијарда луѓе во светот. Денешниов ден го чекавме речиси 30 години. Го чекавме, се надевавме, работевме и се жртвувавме. На моменти мислевме дека оваа цел ќе ни остане недостижна. Меѓутоа, покажавме дека кога сакаш, можеш и невозможното да го направиш достижно, порача […]