Лагард: ЕУ е премнгу бавна за да одговори со итни мерки


Шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ги повика лидерите на ЕУ да работат посилно за да го ублажат влијанието на пандемијата на коронавирусот врз економиите, откако европскиот блок се подели околу тоа колку далеку да се оди со мерките.

Јужните членки на Европската унија негодуваат откако 27 лидери не успеаја да се договорат, за време на вчерашната шестчасовна сесија, за поголема поддршка за нивните економии, што се под удар на пандемијата на вирусот Ковид-19.

Лагард рече дека е потребно „понатамошно дејствување“, истакнувајќи ја потребата од итна акција и им укажа на лидерите дека ЕУ е премногу бавна за да одговори на кризата,изјавија за британски медиуми извори информирани за дебатата.

Таа, исто така, предупредила за длабоки предвидувања за рецесија и цената што треба да се плати поради неединството.

Тоа беше втор таков повик на Лагард до европските креатори на политики оваа недела, откако испрати слична порака до министрите за финансии на еврозоната во понеделникот.

Во вчерашната седница, Германија и Холандија жестоко се спротивставија на ветувањата на Италија, Шпанија, Португалија, Франција и другите земји за издавање на заедничка обврзница.

„Ако не се почитуваме едни со други и не разбираме дека се соочуваме со заеднички предизвик, тогаш никој не ја сфатил суштината на обединета Европа“, рече португалскиот премиер Антонио Коста по синоќешната седница.