Само во 20 земји нема корона вирус


Пандемијата од корона вирус го зафати речиси целиот свет. Вирусот кој почна од Кина се рашири на сите континенти, освен Антарктик, но се уште има земји во кои не е регистриран ни еден случај на заразени од корона вирус.

Од 195 држави на светот кои се признати од Обединетите нации, во само 20 за сега нема заразени од новиот корона вирус.

Држави во кои не е забележана појава на корона вирус:

Африка: Бурунди, Комори, Малави, Сао Томе и Принципе, Јужен Судан, Западна Сахара, Лесото и Сиера Леоне.

Азија: Северна Кореа, Таџикистан, Туркменистан, Јемен.

Океанија: Кирибати, Маршалски Острови, Микронезија, Самоа, Американска Самоа, Соломонските Острови, Тонга и Вануату.

Во светот заболени се повеќе од половина милион луѓе, а интересно е што во најмалата земја Ватикан, забележани се четири случаи.

Официјално четири земји на азискиот континент немаат проблеми со вирусот, но со оглед на бројноста на населението, тешко веројатно е дека Северна Кореа, Таџикистан, Туркменистан и Јемен немаат ни еден случај, веројатно податоците не се точни или ги нема.