Со авион од Загреб вратени 169 македонски граѓани


Фото: Б. Грданоски

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, вечерва организираше враќање во земјата на 169 македонски граѓани од Загреб. Претходно, во попладневните часови беше организиран лет за 118 македонски граѓани од Валета, Малта.

Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата понуди најниска цена за авио билетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15-дневен карантин којшто беше еден од условите за нивна репатријација, е на товар на државата.

Повикувајќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови  беа превезени и 9 странски државјани, 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово, соопшти МНР.