Уште четири лекари умреа во Италија, вкупно 46 од почетокот на епидемијата


Во Италија продолжуваат да умираат не само заболените луѓе од корона вирусот, туку и оние што ги лечат – докторите. Според податоците на Цивилната заштита во изминатиов ден починале уште четири лекари, со што бројот од почетокот на епидемијата се искачи на 46. И овие починати лекари се од болниците на северот на Италија.

И покрај натчовечката борба на лекарите и медицинскиот персонал против корона вирусот денешната бројка од 969 починати (од кои 50 биле дел од вчерашната статистика, но не биле забележани) покажува дека врвот на епидемијата не е дојден. Здавствените власти предупредуваат дека не смее да има ниту еден момент на опуштање кога ќе дојде пикот на епидемијата, затоа што таа може веднаш да се врати.