Заев: Да имаше избори, ќе победевме


Сите анкети кои беа направени во февруари, пред да започне коронакризата покажаа дека СДСМ заедно со коалицијата води со 4-5 отсто пред опозицијата. И доколку се оддржеа изборите на 12 април анализите покажуваа дека дефинитивно победуваме. Но, нема поважно од здравјето на луѓето, како и санацијата на економските последици, затоа датумот за избори ќе биде одлучен по завршувањето на кризата, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на емизијата 360 степени на ТВ Алсат.

Заев посочи дека секое лицитирање со датуми би било погрешно, но можно е било кој месец од јуни до последниот датум 11 декември да се одржат избори, иако тоа сега не може да се предвиди со сигурност. Најоптимистичко сценарио, според него, е изборите да бидат во јуни доколку се земе во предвид прогнозата дека пикот би бил за еден месец, а периодот на закрепнување уште еден месец. Но, сосема со друга форма на кампања, без големи собири и митинзи, истакна Заев.