Излекуваните од Ковид-19 можат да останат носители на вирусот


Луѓето кои се излекувани од новиот коронавирус можат да останат носители на Covid-19 и треба да бидат повторно тестирани, изјави вирологот и директор на Научно-истражувачкиот центар во францускиот град Безансон, Филип Имбер.

– Може да се излекувате од вирусот, но сѐ уште да го имате во носната шуплина и на тој начин да го ширите. Тоа се случува кај носителите на хепатитис Б и Ц. Ова значи дека може да имате антитела против вирусот, но во исто време и самиот вирус, истакна Имбер на брифинг на Асоцијацијата на странски дописници на ОН во Женева.

Според последните податоци на Светската здравствена организација, досега во светот има над 22.000 починати лица од новиот корона вирус.