Анкара ги режирала инцидентите на границата со Грција, носела бегалци со автобуси


 

Турската држава беше вмешана во неодамнешните инциденти на турско-грчката граница, објави германскиот весник Шпигел.

Неделникот повикувајќи се на информации на Германската разузнавачка служба БНД, наведува дека пред еден месец турската Влада ги качила бегалците во автобуси и ги одвела на грчката граница.

Помеѓу илјадниците мигранти имаше и турски војници кои ги поттикнуваа бегалците да прават инциденти на грчката граница, се истакнува во извештајот на БНД.

Претставници на турските безбедносни служби негираа каква било вмешаност во доаѓањето на мигрантите на грчката граница.

И грчките власти претходно соопштија дека турски војници фрлале со камења врз граничарите и се обиделе да ја пресечат граничната ограда.