Албанија: Бројот на заразени од Ковид -19 се зголеми на 197 лица, од кои десет починати


Во последните 24 часа во Албанија дијагностицирани се нови 11 случаи со Ковид-19, со што бројот на заразените се зголеми на 197 лица.

– Тестирани се 79 лица сомнителни на новиот коронавирус, а од нив позитивни се 11. До овој момент тестирани се вкупно 1.325 сомнителни случаи од кои позитвни на Ковид-19се 197 лица. Во последните 24 часа починаа два пациента во Инфективната клиника, еден жител на Тирана и жена од Валона.

Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на починатите, изјави Силва Бино од албанскиот Институт за јавно здравје.

Во моментов на клиниката има 74 хоспитализирани пациенти,од нив четворица се на интензивна нега, останатите се во стабилна состојба.

– Излекувани од коронавирусот се над 30 лица, додека и покрај напорите на лекарите починаа десет лица, истакна Бино.

Според местото на живеење најголем број од заразените се од Тирана – 113 лица, од Фиер 21, Корча 12, Драч 11, Валона и Елбасан по пет, Љушња, Скадар, Лежа и Каваја по четири, Круја, Пук и Тропоја по три, Рогожина и Хас по два и едено лице е од Берат.