Аеродром дели дезинфекциски средства и држачи за влезовите во зградите

Од вчера и во текот на денешниот ден Општина Аеродром ќе ги дели дезинфекциските средства и држачите за влезовите на станбените згради.

На контакт-мејлот на Општината пристигнаа над 200 барања од заинтересирани граѓани, заедници на станари и управители на станбени згради, кои ќе бидат контактирани телефонски или електронски за денот на подигнувањето на средствата. Со дезинфекциски средства и држачи ќе бидат покриени над 500 влезови во општината.

Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин апелираат до граѓаните да се придржуваат до превентивните мерки за заштита од корона вирусот и да ги следат упатствата од Министерството за здравство.