Мицкоски: Зоране, колку и да бегаш, ќе те победам


Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ја коментираше одлуката на СДСМ да нема предвремени парламентарни избори. „Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема! СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, …

Мицкоски: Зоране, колку и да бегаш, ќе те победам Read More »

Мицкоски не можел да дојде поради неодложни обврски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не присуствуваше на свечената церемонија за подигање на знамето на НАТО пред седиштето на владата. Од најголемата опозициска партија потврдуваат за „Независен весник“ дека Мицкоски добил покана од владата, но оти не можел да дојде поради неодложни работни обврски. Пред седиштето на владата забележливо беше отсуството и на претседателот Ѓорѓе …

Мицкоски не можел да дојде поради неодложни обврски Read More »

ВМРО бара ОБСЕ да гарантира за изборите


ВМРО-ДПМНЕ бара ОБСЕ да го зголеми бројот на набљудувачи за време на претседателските избори во земјава, со што би се спречило евентуалното полнење кутии. Во најголемата опозициска партија стравуваат дека власта подготвува фалсификат на волјата на граѓаните особено што не се прифаќа нивното барање за предвремени парламентарни избори, кои би придонеле за засилен мониторинг на …

ВМРО бара ОБСЕ да гарантира за изборите Read More »

Мицкоски со Јанша: Во Македонија нема правна држава


По средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски замина во Љубљана каде се сретна со лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша. „Во разговорот се осврнавме на повеќе теми од регионално и билатерално значење. Дискутиравме и за дополнително ползување на капацитетите и одличните взаемни односи на двете сестрински партии. Како лидер на …

Мицкоски со Јанша: Во Македонија нема правна држава Read More »

Коневски: Мицкоски треба да си оди ако ги изгуби изборите


Поранешниот градоначалник на општина Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски вели дека победата на претседателските избори на кандидатот на неговата партија зависи од тоа колку лидерот Христијан Мицкоски, ќе се заложи да го обедини членството. Во интервју за „Макфакс“ Коневски вели дека доколку ВМРО ДПМНЕ ги изгуби изборите, одговорноста треба да ја понесе Мицкоски и да …

Коневски: Мицкоски треба да си оди ако ги изгуби изборите Read More »

Ланските фаворити ги снема: ВМРО излезе со нови играчи


Доколку претседателските избори се одржеа минатата пролет, ВМРО-ДПМНЕ ќе размислуваше дали да настапи со Трајко Славески или со Зоран Ставрески. Двајцата економисти имаа највисок рејтинг во внатрепартиските анкети во април и мај, а убедливо зад нив беше Срѓан Керим. Девет месеци подоцна, ниту еден од нив не е во игра за наследник на Ѓорѓе Иванов. …

Ланските фаворити ги снема: ВМРО излезе со нови играчи Read More »

Мицкоски на собранието на ЕПП во Брисел


 Денес и утре, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел. На маргините на собранието се очекува да оствари средби со европарламентарци и преставници на ЕУ кои се дел од ЕПП, чиј што член е ВМРО ДПМНЕ. „Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, …

Мицкоски на собранието на ЕПП во Брисел Read More »

Вучиќ во клинч со Заев за средбите со Мицкоски


Регионална ситуација на „изгубени во преводот“ вчера предизвика делот од интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за телевизијата Н1 во кое тој зборува за средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред бегството на Никола Груевски. Телевизијата и агенцијата Танјуг најпрвин пренесоа дека Заев кажал дека пред да го фати …

Вучиќ во клинч со Заев за средбите со Мицкоски Read More »

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не планира бојкот, туку победа на претседателските избори


Во гостување во емисијата „Отворено студио“ на телевизија Алфа, лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО-ДПMНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека вчерашната наводна изјава на Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, е спинувана и извадена од контекст и дека опозицијата не планира бојкот на престојните претседателски избори. Наместо бојкот Мицкоски најава победа на претседателскиот кандидат на …

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не планира бојкот, туку победа на претседателските избори Read More »

Мицкоски ги викна пратениците во партија за да не седат во Собрание


За денес попладне претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свика седница на Извршниот комитет и состанок со пратеничката група на партијата. Во текот на денот, тие ќе бидат во постојано заседавање каде ке се разговара за актуелната состојба поврзана со уставните измени. Од партијата брифираат дека се вршат жестоки притисоци од власта и премиерот Зоран Заев …

Мицкоски ги викна пратениците во партија за да не седат во Собрание Read More »

Мицкоски ќе се обрати утре, ама како граѓанин


Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат по написите во медиумите дека лидерот Христијан Мицкоски одбил да им се обрати на граѓаните што протестираа пред Собранието поради промената на уставното име, поради што бил исвиркан од дел од нив. Од партијата велат дека имало уфрлени елементи што сакале да го дефокусираат протестот, но оти граѓаните покажале достоинство и не …

Мицкоски ќе се обрати утре, ама како граѓанин Read More »

Мицкоски ќе протестира за името


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека го задржува своето право на мирно протести против промената на уставното име на Република Македонија. Тој повика на достоинствени протести и апелираше до граѓаните да не подлегнуваат на провокации. Тој повтори дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во собраниската расправа за прифаќање на уставните измени, …

Мицкоски ќе протестира за името Read More »

Попоски како Пленковиќ, ама Мицкоски не е Карамарко


Поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски вчера не сакаше да ги коментира шпекулациите дека го мерка лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ. Тој, наводно, не бил во земјава за новогодишните празници, а и онака ретко се појавува во јавноста, па дури и во Собранието, каде што е пратеник. Приврзаниците на Попоски ќе речат дека неговите чести …

Попоски како Пленковиќ, ама Мицкоски не е Карамарко Read More »

Попоски и Тодоров го меркаат столчето на Мицкоски


Додека судијката Весна Димишкова „самоиницијативно“ се откажуваше од слободниот викенд за да го испрати во куќен притвор Сашо Мијалков, Никола Тодоров му пишуваше писмо на Христијан Мицкоски. Пораките дека претседателските избори ќе покажат оти не заслужува да ја води партијата, како и одговорот од пониските ешалони на ВМРО-ДПМНЕ дека „министерот за смрт“ нема право да …

Попоски и Тодоров го меркаат столчето на Мицкоски Read More »

Мицкоски ќе биде тестиран на претседателските избори


Како единствен кандидат на валандовскиот конгрес, Христијан Мицкоски со бланко-поддршка на тогаш најмоќниот партиски двоец Груевски – Мијалков, немаше тешка задача да стане трет претседател во историјата на ВМРО-ДПМНЕ. Точно една година подоцна, актуелниот лидер релативно лесно расчисти со сенките од минатото и успеа да ја зацврсти позицијата во партијата, но првиот тест за неговата …

Мицкоски ќе биде тестиран на претседателските избори Read More »

(Фото) Мицкоски во Кочани: Спасовски и Димитров да си одат


Владата предводена од Зоран Заев jа завитка Македонија во црнила, го уценува народот и му го менува идентитетот, заради што мора да поднесе оставка и да си замине од власт, оти ќе биде казнета за своите криминални постапки, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестот што се одржа во Кочани. Според Мицкоски, време е …

(Фото) Мицкоски во Кочани: Спасовски и Димитров да си одат Read More »

Мицкоски на средба со членови и симпатизери на партијата во Чаир


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чаир, каде оствари средба со членови и симпатизери на партијата. Мицкоски пред насобраните кажа дека ова што се случува е национален проект на СДСМ на понижување, омаловажување и уништување на Република Македонија, а паралелно има процеси преку уценети и инструирани структури кои …

Мицкоски на средба со членови и симпатизери на партијата во Чаир Read More »

МВР со демант до Мицкоски: Ниту една акција не е политички мотивирана


МВР ги демантира обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, напишани на профилот  на „Фејсбук“, за упад на полициски специјалци во домовите на петнаесетина приврзаници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ. „Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од страна на г-динот Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ …

МВР со демант до Мицкоски: Ниту една акција не е политички мотивирана Read More »

Мицкоски: Специјалци упаднале во домовите на петнаесетина активисти на ВМРО-ДПМНЕ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини дека минатата недела полицијата упаднала во домовите на повеќе активисти и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. „Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на …

Мицкоски: Специјалци упаднале во домовите на петнаесетина активисти на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски не беше на протест, фотографијата е монтажа


Барем до Нова година ќе траат протестите пред Собранието на Македонија, каде што се одвиваат новите етапи од уставните промени. Граѓаните што секојдневно се собираат пред законодавниот дом, бараат пратениците да се одважат и да не прифатат промена на уставното име и прифаќање на договорот со Грција. Најупорните спијат во шаторите и најавуваат оти ќе …

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски не беше на протест, фотографијата е монтажа Read More »