Мицкоски не можел да дојде поради неодложни обврски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не присуствуваше на свечената церемонија за подигање на знамето на НАТО пред седиштето на владата. Од најголемата опозициска партија потврдуваат за „Независен весник“ дека Мицкоски добил покана од владата, но оти не можел да дојде поради неодложни работни обврски.

Пред седиштето на владата забележливо беше отсуството и на претседателот Ѓорѓе Иванов, како и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Отсутен беше и поранешниот премиер и претседател на државата, Бранко Црвенковски. (Г.А.)