Мицкоски на собранието на ЕПП во Брисел


 Денес и утре, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел. На маргините на собранието се очекува да оствари средби со европарламентарци и преставници на ЕУ кои се дел од ЕПП, чиј што член е ВМРО ДПМНЕ.

„Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, загрижувачката состојба со газењето на правата и слободите, растечката корупција, како и поддршка на процесот за интеграции, и реформите кои треба да бидат спроведени“. велат од партијата.

Во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ е и потпретседателот Александар Николоски и Секраторот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски