Мицкоски со Јанша: Во Македонија нема правна држава


По средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски замина во Љубљана каде се сретна со лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша.

„Во разговорот се осврнавме на повеќе теми од регионално и билатерално значење. Дискутиравме и за дополнително ползување на капацитетите и одличните взаемни односи на двете сестрински партии. Како лидер на најголемата партија во Словенија, Јанша ја изрази поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и македонските стратешки цели. Воедно ја изразив и загриженоста за состојбите во Македонија, пред се темите поврзани со недостатокот на правна држава и владеење на правото, отсуството на структурни реформи во образованието и здравството, како и лошиот економски стандард на граѓаните“, рече Мицкоски.

Од Љубљана, лидерот на македонската опозиција замина во Загреб на средба со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.