Мицкоски ќе се обрати утре, ама како граѓанин


Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат по написите во медиумите дека лидерот Христијан Мицкоски одбил да им се обрати на граѓаните што протестираа пред Собранието поради промената на уставното име, поради што бил исвиркан од дел од нив. Од партијата велат дека имало уфрлени елементи што сакале да го дефокусираат протестот, но оти граѓаните покажале достоинство и не подлегнале на поединечните провокации.

„Тоа преставува изолиран и очаен обид на власта да го пренасочи вниманието. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес јасно го изрази својот и ставот на партијата дека ВМРО нема да поддржи уставни измени и нема да даде легитимитет на нешто што нема легитимитет од народот. Во текот на утрешниот ден Мицкоски во својство на еден од многуте граѓани ќе се обрати пред Собранието на Република Македонија“, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.