Коневски: Мицкоски треба да си оди ако ги изгуби изборите


Поранешниот градоначалник на општина Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски вели дека победата на претседателските избори на кандидатот на неговата партија зависи од тоа колку лидерот Христијан Мицкоски, ќе се заложи да го обедини членството.

Во интервју за „Макфакс“ Коневски вели дека доколку ВМРО ДПМНЕ ги изгуби изборите, одговорноста треба да ја понесе Мицкоски и да ја напушти функцијата и да се избере нов лидер, кој, според него, ќе ги соедини сите вмровски крила.

-Има многу квалитетни луѓе кои со години се членови и е вложувано во нивниот развој, а не се дел од органите, како резултат на таа разединетост. Партијата има шанси, особено во овие околности кога имаме власт која не испорачува никакви резултати. Но, доколку изборниот резултат биде негативен, Мицкоски треба да го напушти лидерското место. Новиот лидер треба да се избере на демократски конгрес на кој, според мене, ќе има пријавено најмалку 5 кандидати. Така на членството ќе му се даде можност да ја даде довербата за најдобриот, рече Коневски.