Мицкоски: Зоране, колку и да бегаш, ќе те победам


Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ја коментираше одлуката на СДСМ да нема предвремени парламентарни избори.

„Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема! СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи“, порачува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.