МВР со демант до Мицкоски: Ниту една акција не е политички мотивирана


МВР ги демантира обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, напишани на профилот  на „Фејсбук“, за упад на полициски специјалци во домовите на петнаесетина приврзаници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од страна на г-динот Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ поради, како што вели, нивното незадоволство од она што се случува во државата. Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно“, се вели во соопштението на МВР.