Утре расправа за гласање доверба на грчката Влада


Грција – Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, како што и најави, во грчкиот Парламент достави иницијатива за гласање недоверба на алтернативниот министер за здравство на Грција, Павлос Полакис, предлог кој грчкиот вицепремиер и министер за економија го претвори во инцијатива за гласање доверба на Владата. Расправата, според одлуката донесена на состанокот на претседателите на Парламентот, …

Утре расправа за гласање доверба на грчката Влада Read More »

Во Белгија масовна полициска акција против организиран криминал


Белгија – На цела територија на Белгија од утрово се одвива масовна полициска акција против организирана криминална група која нелегално продавала автомобили на интернет. Над илјада полицајци се мобилизирани од синоќа во цела држава, а приведени се триесет лица во рамките на оваа операција, информираат од Јавното обвинителство. Според медиумите, акцијата се води во ромската заедница …

Во Белгија масовна полициска акција против организиран криминал Read More »

Холандија: Брисел треба да се замисли, најнапредните земји го избегнуваат


  Европската унија треба да се погледне во огледало и да се запраша зошто не успева да ги привлече најнапредните земји во свое полноправно членство, изјави холандскиот министер за финансии Вопке Хоекстра. Тој за британскиот дневник „Financial Times” изјави дека катастрофално е тоа што земји како Норвешка не сакаат во ЕУ, а други држави, како …

Холандија: Брисел треба да се замисли, најнапредните земји го избегнуваат Read More »

Курц побара прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција


Австрискиот канцелар Себастијан Курц упати критика поради одлуката за анулирање на резултатите од локалните избори во Истанбул, истакнувајќи дека тие што не прифаќаат демократски избори нема што да бараат во Европска Унија. Тој исто така побара конечен прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција. – Неопходно е ЕУ чесно да се однесува кон Турција, …

Курц побара прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција Read More »

Премиерот на Австралија маван со јајце, уапсена една жена


Една жена е уапсена откако фрлила јајце врз австралискиот премиер Скот Морисон за време на настан во рамки на кампањата за изборите, кои ќе се одржат на 18 мај, соопшти полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс. Како што пренесуваат австралиските медиуми, обезбедувањето брзо ја совлада и тргна 25-годишната жена. Според полицијата, никој не е …

Премиерот на Австралија маван со јајце, уапсена една жена Read More »

Двајцата новинари на Ројтерс ослободени од затворот во Мјанмар


Мјанмар– Двајцата новинари на Ројтерс, кои поминаа 500 дена во затворот во Мјанмар за истражување злосторства над муслуманското малцинство, денеска се ослободени. Ва и Кјав се најдоа на списокот од 6.520 затвореници кои ги помилува мјанмарскиот претседател Вин Мјинт. Ова е трето помилување што Вин го потпиша по повод традиционалната Нова година, која во Мјанмар …

Двајцата новинари на Ројтерс ослободени од затворот во Мјанмар Read More »

Војна на авио-компаниите, компјутери одлучуваат, авиони паѓаат


  Во два дена две авионски несреќи, во Москва и во Мексико. Неодамна се урна и етиопски авион. Се поставува прашањето, зошто сѐ почесто се случуваат авионски несреќи? На московскиот аеродром „Шереметјево“, при принудно слетување, се запали „сухој суперџет 100“, на компанијата „Аерофлот“. Загинаа 41 лице, а преживеаја 33 патници и четворица членови на посадата. …

Војна на авио-компаниите, компјутери одлучуваат, авиони паѓаат Read More »

Земјите од Г-7 ја усвоија Повелбата од Мец под притисок на итноста на еколошката ситуација


Повелбата за биолошка разновидност, наречена „Повелба од Мец“, беше усвоена од страна на седумте најразвиени земји  во светот, јави дописникот на МИА. Никој денес не се осмелува да  ја негира важноста на еколошката криза или итноста на климатската ситуација. Министрите на Г-7 за животната средина кои се состанаа во Мец на 5 и 6 мај, …

Земјите од Г-7 ја усвоија Повелбата од Мец под притисок на итноста на еколошката ситуација Read More »

Протести во Истанбул по одлуката за поништување на резултатите од локалните избори


Турција – Во неколку делови од Истанбул синоќа избија протести поради одлуката на турската Врховна изборна комисија да ги поништи резултатите од локалните избори на кои победи опозицијата. И Екрем Имамоглу од Републиканската народна партија, победник на изборите од 31 март и поранешниот премиер Бинали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот со соопштенија потврдија …

Протести во Истанбул по одлуката за поништување на резултатите од локалните избори Read More »

Би-Би-Си: Папата Франциск на Балканот во обид да ги помири двете цркви


Англија – Папата Франциск со посетата на Република Северна Македонија и на Бугарија сака да го сврти вниманието на проблемите со кои се соочуваат сиромашните и бегалците, објави Би-Би-Си на српски јазик. Пред посетата папата изјави дека со доаѓањето во Република Северна Македонија и во Бугарија сака да искаже радост и пријателство, да го охрабри …

Би-Би-Си: Папата Франциск на Балканот во обид да ги помири двете цркви Read More »

ЕУ со критики поради одлуката за повторување на изборите во Истанбул


Белгија – ЕУ упати критики за одлуката на Врховната изборна комисија на Турција да ги поништи резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул и да организира ново гласање на 23 јуни. Во заедничка изјава шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан се нагласува дека тоа решение е спротивно на самата …

ЕУ со критики поради одлуката за повторување на изборите во Истанбул Read More »

Анкета: Трамп го поддржуваат 45 отсто од Американците


САД- Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е над 45 отсто според Институтот Галуп. Тоа се случува првпат откако Трамп влезе во Белата куќа на 20 јануари 2017 година. Според анкетата, 46 проценти од Американци ја поддржуваат политиката на Трамп. На почетокот на март неговата популарност беше 39 отсто. Според анкетата, зголемена поддршка за политиките …

Анкета: Трамп го поддржуваат 45 отсто од Американците Read More »

Нови локални избори во Истанбул


По бројните претставки поднесени од страна на владејачката Партија за правда и развој (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Врховната изборна комисија на Турција со седум гласа „за“ и чертири гласа „против“ донесе одлука за одржување нови локални избори во Истанбул. Изборната комисија (YSK) со мнозинство гласови одлучи да го поништи гласањето и да ги …

Нови локални избори во Истанбул Read More »

Се урна авион во Мексико


Приватен авион „Бомбардер Челинџер 601“ исчезнал од радарот за време на летот над градот Монклова, во мексиканската држава Коауила, по што се урнал во планинскиот регион над градот. Според првичните информации, во авионот се наоѓале 11 патници и двајца членови на екипажот. Нивната судбина се уште не е позната. Авионот летал од Лас Вегас до …

Се урна авион во Мексико Read More »

Извештај на ОН: Животот на Земјата пред масовно изумирање


Човековите активности во блиска иднина – за само неколку декади, би можеле да предизвикаат изумирање на околу милион видови, предупредува нацрт-извештајот, кој денеска го објави ОН. Ова брзо исчезнување на растенијата и животните сега се нарекува шесто масовно изумирање. Масовни изумирања во минатото секогаш биле предизвикани од катаклизмички настани од големи размери, како удар на …

Извештај на ОН: Животот на Земјата пред масовно изумирање Read More »

Експлозија на цистерна во Нигер, 55 мртви


  Во експлозија на камион цистерна што се случи на неколку стотини километри од меѓународниот аеродром во Ниамеј, престолнината на Нигер, загинаа 55 луѓе. Ова го соопшти порпаролот на министерството за внатрешни работи на таа западноевропска земја. „Билансот на експлозијата е 55 мртви и 36 повредени. Жртвите биле јагленосани“, додаде портпаролот. Камионот се превртел на …

Експлозија на цистерна во Нигер, 55 мртви Read More »

(ВИДЕО) Нова снимка од трагедијата во Москва: Авионот прво се одби од пистата, па потоа се запали


Откако вчера беа објавени снимки од внатрешноста на авионот, на кои се слушаат врисоци од патниците, денеска е објавена и снимка од безбедносните камери. На снимката се гледа како авионот се обидува да слета, но удира на пистата од која се одбива, а потоа повторно удира на земја, по што задниот дел на леталото почнува …

(ВИДЕО) Нова снимка од трагедијата во Москва: Авионот прво се одби од пистата, па потоа се запали Read More »

Пронајдени касетни бомби и мини од НАТО на аеродромот во Подгорица


На територијата на Голубовачко поле, особено во делот на аеродромот во Подгорица, пронајдени се голем број касетни бомби на НАТО, а според најновиот извештај, до пред 15 дена на аеродромот се најдени и уништени најмалку 28 такви бомби и минско-експлозивни средства. Направите се пронајдени во близина на пожарникарската зграда и летната писта на цивилниот аеродром. …

Пронајдени касетни бомби и мини од НАТО на аеродромот во Подгорица Read More »

„Бомба“ од Боинг: Знаеле за проблемот една година пред падот на авионот


  Боинг призна дека знаеле за проблемот со авионите 737 Макс една година пред двата авиони да доживеат фатална несреќа, но дека ништо не презеле. Компанијата соопшти дека ненамерно направила аларм кој известува за проблемот со сензорите кои го мерат аголот на летање како дополнителна опција место стандардната, но инсистирале дека тоа не ја загрозува …

„Бомба“ од Боинг: Знаеле за проблемот една година пред падот на авионот Read More »

Постигнат договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Палестинците


Израелската армија денеска соопшти дека денеска ги укина ограничувањата воведени поради заштита на жителите во јужниот дел на Израел. Тоа е сигнал дека е постигнат договор за прекин на огнот со палестинските екстремисти во Појасот Газа, со цел да се стави крај на најкрвавиот судир помеѓу двете страни од војната во 2014 година. Но не …

Постигнат договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Палестинците Read More »