Експлозија на цистерна во Нигер, 55 мртви


 

Во експлозија на камион цистерна што се случи на неколку стотини километри од меѓународниот аеродром во Ниамеј, престолнината на Нигер, загинаа 55 луѓе.

Ова го соопшти порпаролот на министерството за внатрешни работи на таа западноевропска земја.

„Билансот на експлозијата е 55 мртви и 36 повредени. Жртвите биле јагленосани“, додаде портпаролот.

Камионот се превртел на излегување од градот, а околните жители притрчале да наполнат од бензинот кој истекувал , кога се случила експлозијата.

„Имаше мотоциклисти и луѓе околу камионот кога почна пожарот од никаде, по што експлодира. Видов најмалку 40 смртни случаи“, вели еден продавач од околните продавници.

Несреќата се случила во неделата околу полноќ, а во понеделник наутро каминот сѐ уште бил превртен на страна, а полицијата ги собирала остатоците. И околните куќи биле зафатени од огнените јазици.