Свет
Природата се „лекува“ – Хималаите сега можат да се видат од Индија
Индијците во државата Пенџаб велат дека природата се лекува пред нивните очи за време на заклучувањето од корона вирусот, бидејќи поранешните врвови на Хималаите секогаш обвиткани во смог сега се видливи по северниот раб на земјата. Неколку фотографии од планините снимени во Џаландар, северна Индија, отидоа вирално оваа недела, во време кога корисниците на социјалните […]
(ВИДЕО) Девеесетгодишници добија аплауз бидејќи ја победија короната
Британски ветеран од Втората светска војна, кој има 99 години, го победи корона вирусот и вчера излезе од болницата со аплауз.Тој се заблагодари на прсоналот порачувајќи дека грижата за него не можела да биде подобра. Од болница денес излезе и 93-годишна Турчинка која исто така ја победи болеста. И неа ја испрати медицинскиот персонал охрабрен […]
Во САД повеќе од половина милион заразени од коронавирус
Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина половина милион, иако постојат индиции дека тоа што Американците остануваат дома помага во борбата против инфекцијата. Како што пренесуваат странските агенции, бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во САД се зголемува секојдневно за 30.000 до 35.000 откако тестирањето стана подостапно. Во текот на вчерашниот ден бројот на […]
Исповед на сестра: Три ноќи се борев за него
Од ден во ден медицинскиот персонал се бори за своите пациенти, а колку болеста и смртта ги погодува оние кои се опкружени со неа често се открива на социјални мрежи. Џенифер Кол, медицинска сестра од Њујорк, каде што состојбата е многу тешка, во статус на Фејсбук опиша колку тешко се носи со смртта на пациент […]
Трамп: Спасивме многу животи
Американскиот претседател Донад Трамп изјави дека се очекува бројот на жртви од коронавирус во САД да биде „значително помал“ од првичните проценки кои укажуваа дека во земјата може да починат околу 100.000 луѓе. – Спасивме толку многу животи во споредба со она што можеше да биде. Кажуваа дека ќе има минимум 100.000 жртви. Ќе видиме […]
Што Европа купува (и не купува) за време на карантин
Не само тоалетна хартија. Италијанците купуваат пакувани мандарини, во Франција пилешки колбаси додека Британците – месо во конзерви. Пандемската криза Ковид-19 не само што ги смени социјалните и работните навики на Европејците, туку и нивните навики за јадење и купување. Според податоците од продавниците за малопродажба во тие три земји, побарувачката за долготрајна храна се […]
Трамп пропаѓа во анкетите поради справувањето со корона кризата
Републиканските сојузници и советниците се загрижени. Но Трамп не се откажува од дневните брифинзи кои траат по неколку часа Поддршката на Доналд Трамп за справувањето со корона вирусот опадна изминатата недела, покажува анкета, а некои негови советници и републикански сојузници изјавија дека се загрижени поради дневните брифинзи на американскиот претседател за пандемијата. Трамп доживеа […]
Ројтерс: Во Јужна Кореја 91 излечен пацинет повторно позитивни на корона
Во Јужна Кореја 91 пациенти кои биле излечени од корона вирусот, повторно се позитивни, а стручњаците се обидуваат да утврдат како дошло до тоа. Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести Џеонг Еун-Кјеонг рече дека поголема е веројатноста дека вирусот е реактивиран отколку дека пациентите се повторно заразени. Сепак, останува нејасно што го […]
СЗО предупредува: Укинувањето на мерките може да доведе до фатално враќање на пандемијата
Предвременото укинување на мерките за ограничување за движењето, воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, може да предизвика „фатално враќање “ на пандемијата, предупреди директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус. -Знам дека некои земји веќе се подготвуваат за излегување од изолацијата. СЗО, како и сите, сакае да се укинат ограничувањата. Но, предвременото укинување […]
Нови 987 смртни случаи во Франција
Во последните 24 часа во Франција се регистрирани нови 987 смртни случаи, од кои 554 во болниците и 433 во старските домови, со што вкупниот број достигна 13.197 од почетокот на епидемијата, јави дописникот на МИА. Генералниот директор за здравство, Жером Саломон, ја даде дневната проценка на епидемијата во Франција, според кој има повеќе од […]
Крамер: Наскоро ќе биде подготвена вакцината против Ковид-19, рестрикции ќе има до крајот на мај
Вакцината против коронавирусот ќе биде достапна многу скоро, а рестрикциите со кои сега се соочуваме ќе траат до средината или крајот на мај, за Дојче Веле тврди Флориан Крамер, професор по вакцинологија во болницата Маунт Синаи во Њујорк. Одговарајќи на прашањето колку е реално наскоро да ја имаме потребната вакцина, Крамер кажа дека е „ […]
Виена има уникатни начини за помош во услови на пандемија
Виена нуди два единствени начини за помош на граѓаните кои се соочуваат со изолацијата воведена поради пандемијата од корона вирусот. Имено, некои виенски хотели нудат алтернатива за луѓето кои поради корона вирусот работат од дома. Хотелите ги нудат собите како работни соби и им ги ставија на располагање на сите кои немаат работен простор или […]
Во Италија денеска починаа 570 лица од Ковид-19
Надежта бавно доаѓа во Италија – деска починаа уште 570 лица, со што вкупшниот број на умрени се искачи на 18.849. Добрата вест е што бројот на оние што се ислекувани се зголеми за седум отсто – 1.985 со што вкупната бројка е 30.455 лица. Бројката на заразени денеска изнесува 3.951, што е пораст од […]
Добитничка на „Пулицер“ напиша биографија за Меланија Трамп
САД – Новинарката Мери Џордан од „Вашингтон Пост“, добитничка на наградата Пулицер напиша неавторизирана биографија за првата дама Меланија Трамп. The Art of Her Deal,” се базира на повеќе од 100 интервјуа, а излегува на 16 јуни. „ Таа е слика за жената која е штедлива, тврда, амбициозна, и која игра на долги патеки, се […]
Главниот американски епидемиолог контра Трамп: Не е време за попуштање
Водечкиот американски стручњак за заразни болести Ентони Фаучи предупреди дека не е време за ублажување на строгите ограничувања на движењето иако резултатите за сузбивање на ковид 19 се позитивни и во жаришта како што е Њујорк. Д-р Фаучи со тоа предупредување реагираше на изјавите на водечките стопански функционети од администрацијата на претседателот Доналд Трамп кои […]
Меркел: Следува пресуден викенд
Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел ги гледа првите успеси во борбата против коронавирусот и причина за „претпазливата надеж“, објави Дојче Веле. Сепак, таа и членовите на нејзиниот Кабинет едногласно ги повикаа Германците да останат претпазливи и дисциплинирани. – Ако граѓаните продолжат да бидат дисциплинирани, германската Влада верува дека првото и мало олеснување на строгите ограничувања […]
Како Србија, Хрватска и Словенија реагираа на појавата на корона вирусот
Земјите во регионот различно реагираа на појавата на корона вирусот. Ова е компаративна анализа на мерките и зголемувањето на бројот на пациенти во Хрватска, Словенија и Србија. Додека епидемијата во Кина од својот врв почна да опаѓа, ситуацијата во Европа штотуку започна да се комплицира. Хрватска ги презеде своите први мерки на крајот на јануари. […]
Борис Џонсон излезе од интензивна нега
Британскиот премиер Борис Џонсон е во „многу добро расположение“ откако синоќа се премести од единицата за интензивна нега во болничка соба, но неговото закрепнување сè уште е во почетна фаза, изјави денеска неговиот портпарол. – Премиерот штотуку започнува да закрепнува и тој ќе ги следи советите на медицинскиот тим, рече портпаролот на прашањето кога Џонсон […]
Министер замина во викендичка, па остана без фотелја
Министерот за култура во австралиската држава Нов Јужен Велс, Дон Харвин поднесе оставка, откако беше казнет со 1.000 долари заради кршење на забранат за патување. Харвин е казнет затоа што е откриено дека патувал во својата викендичка. Тој тврди дека патувањето се случило пред на сила да стапат правилата за ограничување на патувањата, но истакнува […]