Главниот американски епидемиолог контра Трамп: Не е време за попуштање


Водечкиот американски стручњак за заразни болести Ентони Фаучи предупреди дека не е време за ублажување на строгите ограничувања на движењето иако резултатите за сузбивање на ковид 19 се позитивни и во жаришта како што е Њујорк.

Д-р Фаучи со тоа предупредување реагираше на изјавите на водечките стопански функционети од администрацијата на претседателот Доналд Трамп кои во четвртокот, покрај повиците на здравствените работници да продолжат со мерките за изолација, рекоа дека американското стопанство може да почне редовно да тргува во мај.

Трамп на изборите на 3 ноември ќе се бори за втор претседателски мандат и затоа посакува обнова на стопанските активности што поскоро.

„Се надеваме дека ќе отвориме… многу, многу, многу, многу брзо, се надевам“, рече Трамп на брифингот за корона вирусот во Белата куќа.

Меѓутоа Фаучи предупреди дела ублажувањето нема да биде така скоро.

„Показателите сега се поволни“, рече Фаучи во интервју за Си-ен-ен и посебно се осврна на напредокот на Њујорк, кој е најтешко погоден со епидемијата, но веднаш предупреди дека “она што сега најмалку го посакуваме е прерано да излеземе и повторно да се најдеме во истата ситуација’.

Со оглед на прославата на Велигден во недела, Фаучи нагласи дека е важно да се одржува социјална дистанцаи порача: “Сега не е време за попуштање.“

“Природно е дека да бараме показатели за постепено да одиме напред и да ја отвориме земјата, но тоа зависи од бројни чинители“.

Претседателката на Горниот дом Ненси Пелоси исто така го предупреди Трамп да не порани до мерките за попуштање.

„Се надевам дека научната заедница ќе превагне и ќе рече не: „Не, тоа не може да го направите, ако одите прерано со тоа само ќе ја влошите состојбата“, рече Пелоси во интервју за Политико во четвртокот вечерта.