Исповед на сестра: Три ноќи се борев за него


Од ден во ден медицинскиот персонал се бори за своите пациенти, а колку болеста и смртта ги погодува оние кои се опкружени со неа често се открива на социјални мрежи. Џенифер Кол, медицинска сестра од Њујорк, каде што состојбата е многу тешка, во статус на Фејсбук опиша колку тешко се носи со смртта на пациент кој умрел откако три дена се борела за него.

„Денеска изгубив пациент. Не беше прв и, за несреќа, нема да биде ниту последен, но беше поинаков. Цел живот сум медицинска сестра во Итната медицинска помош, но во Њујорк работам на интензивна нега. Во овој момент целата болница е интензивна нега и сите пациенти кои се позитивни на Ковид-19. Очајнички ни требаат сестри кои на пациентите ќе им дадат лек или ќе ги приклучат на респиратори.

За овој човек се грижев три ноќи и за мене тоа беше првпат. Во Итната медицинска помош ретко кој останува подолго од 12 часа. Севкупно тука беше две недели кои за него беа многу тешки, но минатата ноќ беше најтешка. Шест часа не се тргнав од него. При крајот, кога веќе беше под тешки лекарства, ги молев докторите да го повикаат неговото семејство и да им кажат оти нема да се извлече. Докторите непрестано се со пациентите, секоја минута ја поминуваат со нив. Сѐ на што можев да мислам е гласот на мојата мајка која во солзи ми говори: Тие луѓе се сами на себе. Добро грижи се за нив. Јас бев едниствена личност која три ноќи поминува со него. Многу се борев да го одржам во живот. Докторите успеаја да го известат неговото семејство и одлучено беше дека нема да го оживуваме кога срцето ќе застане. Немаше ништо што може да се направи.

Најпосле се предаде. Во собата бевме само тој, јас и уште еден пациент на респиратор. Вратата беше затворена. Го повикав докторот да констатира смрт. Толку сакав да му се јавам на семејството за да не биде сам. Иако тие не можеа да бидат со него, јас бев. Го изгасив респираторот и го тргнав. Веднаш го однесоа, некому му значи живот. Го измивме и го ставивме неговото тело во вреќа, што е луксуз кои го добиваат само оние кои ќе ја преживеат Итната. Мојот пациент цел живот бил здрав. Ја гледав неговата слика и ги видов нечие дете, нечиј татко, нечиј сопруг. Тие не можеа да бидат со него и тоа ми го скрши срцето.

Овие пациенти се многу кревки. Толку е деликатна таа рамнотежа на дишење, крвни садови и функционирање на органите. Дури мала промена доведува во смртна опасност. Сите се исти, независно од возраста, здравјето, финансиската и семејната ситуација, сите имаат иста дијагноза, иста болест.

Имавме еден кој доживеа да биде тргнат од респиратор. Има 30 години. Го доживувам како наша маскота, наша надеж дека не сите се дојдени тука за да умрат. Знам дека многумина ќа преживеат, но кога работиш овде не изгледа така. Поголемиот дел од медицинскиот персонал е болен, а ние кои останавме имаме маски залепени на лицата. Мислиме дека сме непобедливи, но се фаќам како ги гледам колегите проценувајќи кој е најслаб, знаејќи дека ни сите нема да излеземе одовде живи“ напиша медицинската сестра Џенифер Кол на Фејсбук.

Сториите на медицинските сестри и на лекарите за првпат станаа вест за насловните страници.

„Ова е ликот на медицинска сестра во Велика Британија по 65 часа работа во текот на изминатите шест дена. Ова е лицето што треба да го видиме на насловните страници, а не тие на шарлатаните кои со децении ги намалија финансиите на овие херои. Време е ние медиумите да ги  да ги претставуваме луѓето во Велика Британија, а не неколкуте привилегирани“, напиша еден новинар во Велика Британија.