Министер замина во викендичка, па остана без фотелја


Министерот за култура во австралиската држава Нов Јужен Велс, Дон Харвин поднесе оставка, откако беше казнет со 1.000 долари заради кршење на забранат за патување.
Харвин е казнет затоа што е откриено дека патувал во својата викендичка.
Тој тврди дека патувањето се случило пред на сила да стапат правилата за ограничување на патувањата, но истакнува дека не сака неговиот случај да биде пречка за владата во борбата против корона вирусот, пренесе австралискиот портал А-бе-це.
„Ништо не е поважно од работата на владата во борбата против корона вирусот. Нема да допуштам моите постапки да бидат пречка во тој труд и изразувам големо жалење што моето станбено прашање стана проблем во ова време“, изјави Хаврин.
Во Австралија за време на велигденските празници забрането е напуштањето на домот, освен за основни потреби.
Во таа земја до сега  се потврдени 6.203 случаи од корона вирус, а починаа 53 лица.