Во Италија денеска починаа 570 лица од Ковид-19


Надежта бавно доаѓа во Италија – деска починаа уште 570 лица, со што вкупшниот број на умрени се искачи на 18.849. Добрата вест е што бројот на оние што се ислекувани се зголеми за седум отсто – 1.985 со што вкупната бројка е 30.455 лица. Бројката на заразени денеска изнесува 3.951, што е пораст од 2,7 отсто. Со тоа бројката на луѓето кои се инфицирани од Ковид-19 сега е 147.577 лица (во нив влегуваат и оние што се излечени и што починале).