Виена има уникатни начини за помош во услови на пандемија


Виена нуди два единствени начини за помош на граѓаните кои се соочуваат со изолацијата воведена поради пандемијата од корона вирусот.
Имено, некои виенски хотели нудат алтернатива за луѓето кои поради корона вирусот работат од дома. Хотелите ги нудат собите како работни соби и им ги ставија на располагање на сите кои немаат работен простор или немаат мир дома.
Иако ги затворија хотелите за туристи, на клучните луѓе, како медицинари, овозможен им е престој, еднакво како и на луѓето со итена потреба од сместување.
Понудата е достапна и за вработните чии канцеларии се затворени, но не можат да работат дома затоа што немаат доволно простор или тишина. Така на пример, собите во текот на денот неколку часа ги користат менаџери на фирми кои од таму водат видео-конференции или на оперските пјачи кои вежбаат.
Соби за „Home Office” во моментот нудат 20 хотели во Виена. Кристијан Колинг од хотелот „25 часа“, ја нарече оваа понуда “мал трик“ за да се добијат гости.
Но, на овој начин не може да се оствари голем приход, затоа што за неколку часа не може да се наплати многу.
Според податоците пред корона вирусот виенските хотели имале 80-90 отсто искористенот.
Гастрономијата, хотелиерството и придружните дејности треба да се покренат од средината на мај.
Од друга страна пак, поради пандемијата виенските фијакери останаа без работа. Во соработка со хотелот „Интернационал“ тие сега испорачуваат готвена храна за лицата кои поради новонастанатата ситуација се посебно загрозени.
Кујната од хотелот подготвува околу 250 бесплатни оброци дневно, објаснува директорката Бригите Тратнер. Преку 50 години стариот хотел сега е затворен и акцијата за подготовка на бесплатни оброци ја спроведува во соработка со други компании и соработници. Проектот е планиран до 13 април, но ако треба ќе продолжи.
Хотелот ги објави телефоните за пензионерите и волонтерите, а оброците не ги испорачува само со фијакери, туку и со велосипеди и автомобили.
Овој проект го смисли здружението на фијакери, а со него не им се помага само на луѓето, туку и на животните, со оглед на тоа дека фијакерите не работат, ова е единствена прилика за движење на коњите.