Трамп: Спасивме многу животи


Американскиот претседател Донад Трамп изјави дека се очекува бројот на жртви од коронавирус во САД да биде „значително помал“ од првичните проценки кои укажуваа дека во земјата може да починат околу 100.000 луѓе.

– Спасивме толку многу животи во споредба со она што можеше да биде. Кажуваа дека ќе има минимум 100.000 жртви. Ќе видиме што биде на крајот. Кажуваа помеѓу 100.000 и 2,2 милиони ако не сторевме ништо, рече Трамп на прес- конференција во Белата куќа.

Тој додаде дека САД се во „многу добра состојба“ кога станува збор за подготовките за ширење на коронавирусот, јави Би-Би-Би.

– Одлична е состојбата со заштитна опрема, рече Трамп и додаде дека гувернерите не испраќаат барања за помош.

Тој информира дека во САД дневно се прават 100.000 тестови и дека досега се тестирани два милиона луѓе.

Во однос на намалувањето на рестриктивните мерки истакна дека тоа нема да го стори се додека не биде сигурен дека „земјата е здрава“.