Природата се „лекува“ – Хималаите сега можат да се видат од Индија


Индијците во државата Пенџаб велат дека природата се лекува пред нивните очи за време на заклучувањето од корона вирусот, бидејќи поранешните врвови на Хималаите секогаш обвиткани во смог сега се видливи по северниот раб на земјата.

Неколку фотографии од планините снимени во Џаландар, северна Индија, отидоа вирално оваа недела, во време кога корисниците на социјалните мрежи бараат и добри настани во неповолниот тек на вестите со Ковид-19.

Некои локални жители тврдат дека ова е прв пат да имаат добар поглед на масивот Дауладар на Хималаите во „децении“.

Планините се околу 200 километри северно од Џаландар и речиси секогаш е тешко да се видат, освен откако ќе врне дожд, пренесува „Тајмс на Индија“. Причините зошто сега се гледа масивот се во намалувањето на загадувањето.

Индија ја заклучи целата земја на 22 март, кога нареди 1,4 милијарди луѓе да останат во затворен простор и ја прекина економијата на нацијата.

Мерките на полицискиот час во целата земја „резултираа со значително подобрување на квалитетот на воздухот во земјата“, објави Централниот одбор за контрола на загадувањето во Индија на 31 март.

Многумина ја поздравија веста за Хималаите, како доказ дека „природата се лекува“ за време на овој период на запрена човечка активност.