Ројтерс: Во Јужна Кореја 91 излечен пацинет повторно позитивни на корона


Во Јужна Кореја 91 пациенти кои биле излечени од корона вирусот, повторно се позитивни, а стручњаците се обидуваат да утврдат како дошло до тоа.

Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести Џеонг Еун-Кјеонг рече дека поголема е веројатноста дека вирусот е реактивиран отколку дека пациентите се повторно заразени.

Сепак, останува нејасно што го предизвикува овој тренд, а епидемиолошките испитувања се во тек.

Можноста луѓето да бидат реинфицирани со вирусот е причина за меѓународна загриженост, затоа што многу земји се надеваат дека заразената популација ќе развие доволно имунитет за да се спречи оживувањето на пандемијата, пренесе Ројтерс.

Од корона вирусот во Јужна Кореја се опоравија речиси 7.000 луѓе.

Професорот на Универзитетската болница за инфективни болести Ким Во-Јо вели дека бројот на луѓе кои повторно ќе бидат позитивни ќе расте. Но и тој смета дека е поверојатно болеста да се вратила кај пациентите, отколку дека повторно се заразиле.

Ума и стручњаци кои укажуваат на погрешните резултати кои ги даваат тествоите или дека вирусот останал во системот на пациентот, но дека не е заразен ниту опасен за другите.