Војна на авио-компаниите, компјутери одлучуваат, авиони паѓаат


 

Во два дена две авионски несреќи, во Москва и во Мексико. Неодамна се урна и етиопски авион. Се поставува прашањето, зошто сѐ почесто се случуваат авионски несреќи?

На московскиот аеродром „Шереметјево“, при принудно слетување, се запали „сухој суперџет 100“, на компанијата „Аерофлот“. Загинаа 41 лице, а преживеаја 33 патници и четворица членови на посадата.

На другиот крај на планетата, во Мексико, падна приватен авион, каде загинаа 11 патници и три члена на посадата.

Неодамна се урна и етиопискиот авион, „Боинг 737 Макс“, а загинаа сите што беа во него. Американската компанија одлучи да ги приземји сите летата од тој тип, додека целиот систем кој откажа не се испита, што доведе до значителен пад на профитот на компанијата производител. Тоа отвори простор за руската компанија да ги протурка „сухој суперџет“ авионите на пазарот, како замена за „боинг“.

Сега падна и таков авион.

И додека во светот трае „војната“ околу превласт на авио-пазарот, луѓе гинат. Зошто е тоа така? Но, одговорот не е лесен. Според пилот од Србија една од причините е тоа што сѐ повеќе одлучуваат компјутерите, а не луѓето, што е потполно неверојатно.

Втората причина, според него, е тоа што пилотите се исфрлаат на пазарот на труд со голема брзина, а кога ќе седнат во леталото немаат никакво искуство.