Украина ги повлече тенковите „Абрамс“ на задните линии поради нападите на руски дронови


 

Украина засега ги повлече поназад борбените тенкови „Абрамс М1А1“, обезбедени од САД, во борбата против Русија, делумно затоа што нападите на  руските дронови им ја отежна работата без откривање или да бидат цели на удар, изјавија за Асошиетед прес двајца американски воени претставници.

САД се согласија да испратат 31 тенкови „Абрамс“ во Украина во јануари 2023 година, по агресивната месечна кампања на Киев, тврдејќи дека тенковите, кои чинат околу 10 милиони долари по парче, се од витално значење за нивната способност да ги наруши руските линии.

Но, бојното поле значително се промени оттогаш, особено со сеприсутната употреба на руски дронови за надзор и беспилотни летала за напади. Тоа оружје ѝ отежна на Украина да ги заштити тенковите кога тие брзо ќе бидат откриени и ловени од руски беспилотни летала или гранати.

Пет од 31 тенк веќе се изгубени поради руските напади.

Распространетоста на беспилотните летала на украинското бојно поле значи „нема отворен терен преку кој можете едноставно да возите без страв дека ќе бидете откриение“, изјави висок претставник на одбраната за новинарите во четвртокот.