Извештај на ОН: Животот на Земјата пред масовно изумирање


Човековите активности во блиска иднина – за само неколку декади, би можеле да предизвикаат изумирање на околу милион видови, предупредува нацрт-извештајот, кој денеска го објави ОН.

Ова брзо исчезнување на растенијата и животните сега се нарекува шесто масовно изумирање. Масовни изумирања во минатото секогаш биле предизвикани од катаклизмички настани од големи размери, како удар на големи астероиди или масовни вулкански ерупции. Овој пат причина е човекот, се вели во извештајот.

Најважни причини за тоа што се загрозени четвртина од сите познати видови растенија и животни се претераната конзумација на ресурси, криволов, сеча на шуми и емисиите настанати со согорување на фосилни горива.

Извештајот на 1.800 страници е составен од меѓудржавното тело за биодиверзитет и екосистеми (ИПБЕС) на ОН и се темели на повеќе од 15 илјади академски трудови и истражувања. Минатата недела авторите на извештајот во Париз одржаа серија состаноци со претставниците на властите од повеќе од 130 држави, во настојување на документот да му дадат доработена, конечна верзија.

Кусо резиме на 40 страници за оние кои ги креираат политиките е објавено денеска, кое треба да биде предупредување за целото човештво, јави Би-Би-Си, додека вчера беше претставен нацрт-извештајот, наменет пред се за стручната јавност.

Во извештајот се истакнува дека околу 75 отсто од копното, околу 50 отсто од реките и езерата и околу 40 отсто од сите мориња и океани веќе покажуваат сериозни знаци на пропаѓање, предизвикано од човековите активности. Од 1980-те години до денес, емисијата на стакленички гасови предизвикани од согорувањето фосилни горива се удвоија, а просечната температура е зголемена за најмалку 0,7 степени Целзиусови, тврдат авторите.

– Би рекол дека извештајот најверојатно ќе се интерпретира со констатација во стилот: „човеку, навистина сме во проблеми“, меѓутоа има решенија, изјави за Би-Би-Си шефот на ИПБЕС професор сер Боб Вотсон.

– Нашиот извештај ќе зборува за размерите во кои го губиме биодиверзитетот, како и за степените во кои можеме да го заштитиме во иднина, додаде тој.

Во извештајот, исто така се истакнува дека начините на кои се користи тлото и се сечат шумите за земјоделство, во комбинација со зголемена консумација на месо, истиснале бројни видови животни од нивните природни живеалишта. Истовремено, претераниот риболов ја десеткуваше нивната популација во морињата ширум светот.

Во документот се предупредува дека изумирањето на растителните и животинските видови во следните децении, најверојатно ќе се забрзува.

Најголемиот дел од пропаѓањето на природните живеалишта ќе се случи во Централна и Јужна Америка, во субсахарска Африка и во Азија.

Во извештајот се наведува дека климатските промени и пропаѓањето на тлото до 2050 година ќе предизвикаат намалување на посевите за десет отсто годишно на глобално ниво, но во одредени делови на светот и до 50 отсто. Биоразноликоста до 2050 година ќе се намали за 38 отсто до 46 отсто. Годишната цена за губењето на биодиверзитетот и екосистемите и пропаѓањето на тлото ќе го чинат повеќе од 10 отсто од глобалното производство. Главна причина за ова пропаѓање е животниот стил на интензивна консумација, која е во пораст во развиените земји и новите економии, но и во земјите во развој. Студиите спроведени во Азија и Африка покажуваат дека цената на недејствување е најмалку трипати поскапа од цената на дејствување.

Во меѓувреме, стотина експерти и личности, како како приматологот Џејн Гудал и или поранешен министер Никола Ило испратија повик за Стоп за финансирањата кои ја уништуваат природата, јавува дописникот на МИА.

„Повик за природата” треба да им скрене внимание на владите да дадат одговор на алармантниот извештај на ОН. Ова отворено писмо, наречено # Call4nature иницирана од страна невладината организација ВВФ, исто така ги повикува „светските лидери” да стават крај на уништувањето на шумите и деградацијата на земјиштето за заштита на нашите слатки водни, нашите океани и нашиот морски живот, особено против пластика, да се поттикне транзицијата кон одржливи земјоделски практики и да се спроведе Парискиот договор за запирање на климатските промени .

Повикот е потпишан од страна на многу научници од целиот свет, како климатолозите Жан Жузел и британски приматологот Џејн Гудал, претставници на здруженија како и поранешниот француски министер за животна средина и Никола Ило директорот на Гринпис интернешенел Џенифер Морган, но исто така и од личности од светот на културата, како што се француските актерки Марион Котилард, Жулиет Бинош, Изабел Аџани.

Извештајот на експертската група на ОН (ИПБЕС), објавен вчера, по еднонеделните преговори на 132 држави во Париз, дава мрачна слика за иднината на човекот.