ЕУ со критики поради одлуката за повторување на изборите во Истанбул


Белгија – ЕУ упати критики за одлуката на Врховната изборна комисија на Турција да ги поништи резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул и да организира ново гласање на 23 јуни.

Во заедничка изјава шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан се нагласува дека тоа решение е спротивно на самата идеја за демократски изборен процес.

Исто така се додава дека одлуката била политизирана и е во спротивност со клучната цел на демократскиот процес. Освен тоа, тој чекор значи и поткопување на изборниот процес и е против обврските преземени од Турција како член на Советот на Европа.