„Бомба“ од Боинг: Знаеле за проблемот една година пред падот на авионот


 

Боинг призна дека знаеле за проблемот со авионите 737 Макс една година пред двата авиони да доживеат фатална несреќа, но дека ништо не презеле.

Компанијата соопшти дека ненамерно направила аларм кој известува за проблемот со сензорите кои го мерат аголот на летање како дополнителна опција место стандардната, но инсистирале дека тоа не ја загрозува безбедноста на летање, пренесува BBC.

Аголот на летање на авионите е идентификуван како фактор во двете катастрофи, а во Боинг наведуваат дека во двата фатални судари на авионските системи им е пратен погрешен податок за аголот на летање.

Како што наведуваат, имале намера да ја обезбедат таа функција како дел од стандардниот пакет но не сфатиле додека испораката не почнала дека е достапна само ако авио-компаниите дополнително ја купиле. Во Боинг велат дека имале намера да се позанимаваат со овој проблем во подоцнежните верзии на софтверот.

Сите авиони 737 Макс се приземјени од март, по падот на авионот на „Етиопијан ерлајнс“ кога загинаа 157 луѓе.

Пет месеци порано, 189 луѓе загинаа во несреќа на „Лајн ер“ Вкупно ширум светот, до приземјувањето летале 387 авиони 737 Макс.