„Коха“: Веќе една година без нови држави кои би го признале Косово


Последното признавање на Косово дојде од Барбадос во февруари 2018 година, и оттогаш, повеќе од една година потоа, нема нови признавања, објави приштинскиот весник „Коха“. Аналитичарот Емурус Ујкани смета дека новите признавања на Косово се запрени, бидејќи се уште нема договор со Србија. Според него, Белград го искористи тоа време за агресивна дипломатија, пренесува Коха. …

„Коха“: Веќе една година без нови држави кои би го признале Косово Read More »

Иран: И да не бомбардираат, не се откажуваме од нашите цели


Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека Техеран нема да попушти под притисокот на САД и нема да се откаже од своите цели, дури и ако Иран биде бомбардиран. Тој изјавата ја даде за време на церемонијата во спомен на иранско-ирачката војна во 80-тите на минатиот век. -Ние мораме да се спротивставиме, а нашите непријатели …

Иран: И да не бомбардираат, не се откажуваме од нашите цели Read More »

Афера „Хуавеи“: Кина ги повика САД да ги исправат „погрешните потези“


Кина денеска порача дека САД треба да ги поправи своите „погрешни потези“ за трговските преговори да можат да продолжат откако американскиот претседател Доналд Трамп го стави „Хуавеи“ на црната листа и ја урна вредноста на акциите на компанијата, бидејќи инвеститорите стравуваат од технолошка Студена војна. -Ако САД сакаат да ги продолжат трговските преговори, треба да …

Афера „Хуавеи“: Кина ги повика САД да ги исправат „погрешните потези“ Read More »

Од 1 јуни во Швајцарија ќе може да работат сите граѓани на ЕУ, освен Хрватите


Граѓаните на Романија и Бугарија ќе имаат целосна слобода за влез, вработување и отворање бизнис во Швајцарија од 1 јуни оваа година. Според бугарското Министерство за надворешни работи, Бугарите и Романците ќе имаат истите права како и другите граѓани на Европската Унија – освен за хрватските граѓани, пишуваат бугарските медиуми. Хрватска ќе остане единствената земја …

Од 1 јуни во Швајцарија ќе може да работат сите граѓани на ЕУ, освен Хрватите Read More »

Сомнителен пакет пронајден во близина на Кабинетот на Тереза Меј


Лондонската полиција соопшти дека го блокирала реонот околу улицата „Дунинг“ во Лондон, во која се наоѓа Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј, поради пронајден „сомнителен пакет“. – Специјалната полиција се наоѓа на местото на настанот, се наведува во кусото полициско соопштение објавено на Твитер. Поради блокадата, сите пешаци и возила се насочуваат кон околните улици.

Договорот од Преспа не е меѓу првите пет главни фактори кои ќе влијаат на гласот на Грците


Договорот од Преспа е на шестото место меѓу факторите кои би имале влијание врз гласањето на Грците на претстојните евроизбори во недела според истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Капа Research“ за весникот „Етнос“, јави дописничката на МИА од Атина. На анкетираните им биле понудени 13 конкретни одговори, од кои требало да изберат најмногу …

Договорот од Преспа не е меѓу првите пет главни фактори кои ќе влијаат на гласот на Грците Read More »

Во Турција го намалуваат воениот рок од 12 на шест месеци


Турската владејачка партија денеска претстави Нацрт-закон во Парламентот кој ќе го намали периодот на служење на воениот рок од 12 месеци на 6 месеци и остава перманент можноста за плаќање на воената обврска за оние кои можат да си го дозволат тоа, јави Анадолија. „Според Законот за новата воена служба, периодот на воениот рок ќе …

Во Турција го намалуваат воениот рок од 12 на шест месеци Read More »

Хант: Меј ќе го пречека Трамп како премиерка


Тереза Меј ќе биде британска премиерка и кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе дојде во официјална посета на Британија во почетокот на јуни, изјави министерот за надворешни работи Џереми Хант. – Тереза Меј ќе биде премиерката која ќе го пречека Трамп и тоа со право, рече Хант, одговарајќи на новинарско прашање кој ќе биде премиер …

Хант: Меј ќе го пречека Трамп како премиерка Read More »

Турска опозиција: Ердоган потроши милиони долари за веб-страница на општина Истанбул


Турција – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потрошил 80 милиони турски лири (13 милиони американски долари) за веб-страницата на Истанбулската општина за период од три години, тврди Екрем Имамоглу, кој не ја презеде функцијата градоначалник на Истанбул по одлуката на турските власти да ги поништат изборите од 31 март. Кандидатот на опозицијата Имамоглу победи на изборите на …

Турска опозиција: Ердоган потроши милиони долари за веб-страница на општина Истанбул Read More »

Во пресрет на митингот на СИРИЗА во Солун приведени 25 лица


Грција– Грчката полиција синоќа во Солун приведе 25 лица, поради учество на протест против Договорот од Преспа во пресрет на предизборниот собир на владејачката партија СИРИЗА на кој се обрати премиерот Алексис Ципрас, објавија грчките медиуми. На шестмина од уапсените им е одредена мерка притвор, а останатите се пуштени на слобода. Според локалните медиуми, дел …

Во пресрет на митингот на СИРИЗА во Солун приведени 25 лица Read More »

И Панасоник ја прекинува соработката со Хуавеј


Јапонија – Јапонската компанија „Панасоник“ одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема „Хуавеј“, откако САД воведоа  рестрикции за извоз за таа компанија. – Бројот на производи што се погодени од таа одлука е ограничен и тешко дека ќе има какво било влијание на профитот, тврди претставник на „Панасоник“. Компонентите што …

И Панасоник ја прекинува соработката со Хуавеј Read More »

Турција прекина да купува иранска нафта


Турција – Турција на почетокот на мај целосно прекина да увезува иранска нафта, за да ги почитува американските санкции, иако не ги одобрува, изјави турски официјален претставник. – Како стратешки сојузник на САД, ние ги почитуваме санкциите, изјави претставникот на маргините од неговата посета на Вашингтон, каде што е во придружба на заменик-министерот за надворешни работи …

Турција прекина да купува иранска нафта Read More »

Новости: Белград не сака арбитража поради царините, подготвува контрамерки


Србија – Белград нема да почне арбитража против Приштина поради огромните царини на производи од централна Србија, туку е одлучено да се применат контрамерки што во моментов се разгледуваатм, објави весникот Новости. Според весникот, за арбитража се откажале, бидејќи УНМИК, кој е потписник на ЦЕФТА-договорот во име на Косово, се прогласил за ненадлежен. – Во таа …

Новости: Белград не сака арбитража поради царините, подготвува контрамерки Read More »

Експлозија на пазар во Загреб, нема повредени


Хрватска- Експлозија одекна на пазар во Загреб рано утрово во која нема повредени. Полицијата соопшти дека околу три часот утрово одекнала експлозија во населбата Гајнице, од засега  неутврдена причина, јавија хрватски медиуми. Од експлозијата, оштетена е една продавница во пазарот и камион паркиран во близина на продавницата.

Клучни етапи по европските избори


Белгија – Европските избори, што почнуваат денеска и ќе траат до 26 мај, се претходница на големи промени во европските институции што ќе бидат извршени до крајот на 2019 година. Во тие месеци ќе има неколку клучни етапи. На 26 мај, по затворањето на изборните места во Италија (по 21 по Гринич), националните власти на секоја од …

Клучни етапи по европските избори Read More »

Јункер: Уморен сум од постојаното одложување на рокот за Брегзит


САД – Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за телевизијата Си-Ен-Ен, изјави дека губи трпение поради постојаното одложување на рокот на Британија за напуштање на Европската унија. – Морам да кажам дека почнувам да се уморувам бидејќи сите се движиме од едно продолжување до друго … Луѓето губат трпение. Сакам да кажам „да“, да се одржи …

Јункер: Уморен сум од постојаното одложување на рокот за Брегзит Read More »

Тајмс: Тереза Меј утре ќе поднесе оставка


Англија – Британската премиерка Тереза Меј утре ќе поднесе оставка поради тоа што не е прифатена нејзината позиција за тоа како да се реализира напуштањето на Европската унија, објави весникот Тајмс, цитирајќи извори од владата. Според весникот, таа може да поднесе оставка по состанок закажан за в петок со Греам Брејди, претседател на „Комитетот од 1922“, …

Тајмс: Тереза Меј утре ќе поднесе оставка Read More »

Почнуваат европските избори, гласање до недела


Белгија – Околу 400 милиони Европејци од 28 земји-членки на ЕУ од денеска до недела ќе ги избираат своите претставници во Европскиот парламент со мандат во следните пет години. Први што гласаат денеска се холандските и британските, додека во повеќето земји-членки европските избори ќе се одржат в недела, на 26 мај. Резултатите што ќе го одредат …

Почнуваат европските избори, гласање до недела Read More »

Британската министерка Лидсом поднесе оставка поради Брегзит


Англија – Една од водечките приврзаници на Брегзит, британската министерка за односи со британскиот Парламент, Андреа Лидсом, поднесе оставка, наведувајќи дека не може да ја поддржува владата. Оставката е поднесена по последниот неуспешен предлог на премиерката Тереза Меј за напуштање на Велика Британија на Европската унија. – Повеќе не верувам дека нашата позиција ќе доведе до …

Британската министерка Лидсом поднесе оставка поради Брегзит Read More »

Церар, Мас и Силва разговараа за перспективите на Западен Балкан


Министрите за надворешни работи на Германија, Португалија и Словенија, земјите што ќе претседаваат со Советот на ЕУ од 2020 до 2021 година, се сретнаа денеска во Берлин, а една од темите за кои се дискутираше беше Западен Балкан и проширувањето на ЕУ. Домаќин на средбата беше шефот на германската дипломатија Хајко Мас, а тој и …

Церар, Мас и Силва разговараа за перспективите на Западен Балкан Read More »