Репортери без граници со предлози за поголема слобода на медиумите во ЕУ


Воведување на институцијата европски комесар за слобода, независност и разноликост на информациите е еден од предлозите на меѓународната организација Репортери без граници (РСФ) со цел зголемување на слободата на медиумите. „Време е да се усвои политика која се фокусира на правото на граѓаните во веродостојни информации и вести и заштита на новинарите“, се посочува во […]

Нетанјаху се поблиску до петтиот премиерски мандат


Израел– Актуелниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху е победник на парламентарните избори,со што најверојатно си обезбеди петти мандат. Според 96 проценти од преброените гласови партијата на Нетанјаху, Ликуд освои 37 места во Кнесетот, додека партијата Сината и бела партија на поранешниот генерал Бени Гантц доби 36 пратеници. Иако ниту една партија не доби мнозинство во Кнесетот, […]

Дојде ли социјализмот во Германија?


„Ако не успеат други мерки со кои локалната самоуправа ќе изгради повеќе социјални станови, во случај на итност треба да се спроведе национализација“, изјави генералниот секретар на Зелените, Роберт Хабек, за неделното издание на весникот „Велт“. Тој додаде дека германскиот закон предвидува национализации во корист на општото добро: „Би било апсурдно да ја применуваме само […]

Шолц: Верувам дека британскиот Парламент ќе го прифати Договорот за Брегзит


Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави дека „се уште е уверен“ оти Долниот дом на британскиот Парламент ќе го прифати Договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата во Лондон и Брисел. – Се уште сум уверен дека ќе има мнозинство во (британскиот) Парламент, што ќе се […]

Венецуела повторно во мрак


Главниот град на Венецуела, Каракас и поголем дел од земјата синоќа повторно беа во мрак поради нов дефект на мрежата за електрична енергија. Новиот дефект на електричната мрежа, најголем во последната недела се случи синоќа околу 23 часот по локално време. Електрична енергија немаше во поголем дел од Каракас и во најмалку 18 од вкупно […]

Далај Лама хоспитализиран во Њу Делхи


Индија – Тибетскиот духовен лидери Далај Лама е примен во болница во главниот град на Индија, Њу Делхи поради инфекција на белите дробови. Далај Лама е хоспитализиран поради инфекција на белите дробови, сега се чувствува подобро. Тој прима терапија и најверојатно ќе остане во болница еден – два дена, изјави портпаролот Тезин Такла. Далај Лама вчера […]

Пронајдени се остатоци на јапонскиот борбен авион Ф-35


Во Пацификот се пронајдени делови од јапонскиот воен авион Ф-35, кој вчера исчезна од радарите, додека по пилотот се уште се трага, соопшти јапонското Министерство за одбрана. Борбениот авион Ф-35, распореден во базата Мисава во североисточниот дел на Јапонија, исчезна од радарите за време на обука над Пацификот. Авионот, кој летал со уште три други […]

Земјите членки на ЕУ бараат формално сослушување на Унгарија


Белгија – Неколку земји членки побарале унгарските власти да бидат формално сослушани во рамките на процедурата за суспендирање на правото на глас на оваа земја поради демократските нарушувања. Земјите членки на ЕУ вчера во Луксембург во состав на Советот за општи работи повторно ја отворија темата за состојбата со правната држава во Унгарија и барањето […]

Израел: И Ганц и Нетанјаху прогласија победа на изборите


Според излезните анкети од денешните парламентарни избори во Израел, партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху и ривалската Сино и бело на Бени Ганц се многу блиску со  резултатот и во овој момент е тешко да се утврди која е во предност. И Нетанјаху и Ганц прогласија победа на изборите. -Победивме! Израелската јавност го кажа своето, […]

Туск предлага одложување на Брегзит за најмалку една година


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска се заложи за одложување на Брегизт за најмногу една година, во писмо упатено до лидерите на 27-те земји членки на Европската унија (ЕУ) во пресрет на утрешниот самит во Брисел, на кој ќе учествува и британската премиерка Тереза ​​Меј. Премиерката побара одложување на излезот на земјата од ЕУ […]

Се е како ново: Во Сан Франциско луѓето живеат од ѓубрето на милијардерите


Господинот Џејк Орта, 56-годишен ветеран, денеска за живот заработува копајќи низ ѓубрето на неговите соседи милијардери во Сан Франциско. Орта по 12 години служење во американската војска останал бездомник. Правосмукалка, фен за коса и апарат за кафе, сите во функционална состојба, како и еден куп облеки, се само дел од примерите на неговиот неодамнешен „улов“ […]

Трамп се откажува од мерката за одвојување на децата од мигрантските семејства


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема да се врати на политиката на одвојување на деца од мигрантски семејства кои илегално ја преминале границата, еден ден откако медиумите објавија дека неговата администрација ја разгледува можноста за повторно враќање на таа мерка. Американскиот претседател констатира дека сега многу повеќе мигранти се движат кон САД од […]

Меркел смета дека Брегзит може да се одложи до 2020 година


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска оцени дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија (Брегзит) може да се одложи до почетокот на 2020 година. -Одложувањето на Брегзит за неколку месеци е можно, до почетокот на 2020 година, изјави канцеларката на состанокот со членовите на нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ). Канцеларката Меркел, која денеска се состана со […]

Весели: Вучиќ ги поттикнува провокациите за да предизвика тензии на Балканот и во Косово


Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели, по денешното разрешување на министерот за администрација и локална самоуправа во косовската Влада од редовите на Српската листа (СЛ) Иван Теодосијевиќ, оцени дека тој е сменет поради говор на омраза кон Албанците, но оти тие провокации се поттикнуваат од претседателот на Србија Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од […]

47 лица се загинати, околу 200 се повредени во судирите во Либија


Најмалку 47 луѓе загинаа, а околу 200 се повредени во последните три дена во конфликтите во Либија, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Калифа Хафтар, воен командант со седиште во источна Либија, минатиот четврток започна воена акција со амбициозен план да го освои главниот град Триполи, во кој се наоѓа седиштето на Владата на национално […]

Кина и ЕУ си подаваат рака за зајакнување на трговските врски


Кина и ЕУ денеска се согласија на самитот во Брисел за зајакнување на трговските врски и ветија дека ќе работат на значително подобар пристап на пазарот, елиминација на  дискриминаторските барања и практики, кои ги засегаат странските инвеститори. Европските лидери Доналд Туск и Жан Клод Јункер и кинескиот премиер Ли Кечијанг разговараа за овие прашања пред […]

Путин: Русија е подготвена за обновување на дијалогот со САД


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека истрагата на американскиот специјален советник Роберт Малер ги потврди негирањата на Москва дека била вмешана во изборната кампања на претседателот на САД Доналд Трамп. Путин, говорејќи на пленарна сесија на форумот „Арктик-територија на дијалог” во Санкт Петербург, изјави дека обвинувањата за мешање на Русија во изборот на американски […]

Речиси 700.000 возачи во Франција немаат возачка дозвола


  На секои 100 возачи во франција, еден нема возачка дозвола, покажа истражувањето на организацијата „Prevention Routiere“. Според изтражувањето во моментот на патиштата во Франција има 680.000 возачи без дозвола, што претставува 1,4 отсто од вкупниот број возачи. Во последните десет години двојно се зголемил бројт на возачи без дозвола. Околу две третини од возачите […]

Јапонија: Борбен авион Ф-35 исчезна од радарите над Пацификот


Борбен авион Ф-35, распореден во базата Мисава во североисточниот дел на Јапонија, исчезна од радарите за време на обука над Пацификот, соопштија јапонските воздухопловни сили за самоодбрана. Авионот, кој летал со уште три други од брегот на префектурата Аомори, околу 135 километри источно од базата, изгубил контакт со радарот околу 19,27 часот по локално време. […]

Меркел и Меј согласни околу важноста од уреден Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија денеска во Берлин дека е неопходно да се обезбеди чисто, уредено излегување на Велика Британија од Европската унија, соопшти Даунинг стрит 10. За време на 90-минутната средба, Меј и Меркел дискутирале за барањето на Лондон за одложување на Брегзит до 30 јуни со опција […]