Меркел и Меј согласни околу важноста од уреден Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија денеска во Берлин дека е неопходно да се обезбеди чисто, уредено излегување на Велика Британија од Европската унија, соопшти Даунинг стрит 10. За време на 90-минутната средба, Меј и Меркел дискутирале за барањето на Лондон за одложување на Брегзит до 30 јуни со опција […]

Абделкадер Бенсалах – од новинар, преку дипломат и пратеник до претседател на Алжир


Алжирскиот Парламент денеска го избра првиот човек на Горниот дом на законодавното тело, Абделкадер Бенсалах за привремен претседател на Алжир на местото ан долгогодишниот шеф на државата Абделазиз Бутефлика, кој минатата недела поднесе оставка под притисок на продемократските протести, кои добија поддршка од армијата. Бенсалах ќе раководи со земјата во следните 90 дена на транзицискиот […]

Унгарци, блиски до Орбан, формираа европска новинска агенција


Мала група унгарски бизнисмени и политичари, блиски до премиерот Виктор Орбан основаа меѓународна новинска агенција во Лондон, чиј фокус ќе бидат вестите од централна и источна Европа. Новата агенција, наречена V4NA (В4НА), во Лондон ја регистрираше унгарскиот амбасадор во Велика Британија Кристоф Салај – Бобровницки на 31 декември 2018 година. Името на новинската агенција го одразува […]

(Видео) Иранските парламентарци почнаа седница извикувајќи „смрт на Америка“


По одлуката на САД иранската Револуционерна гарда да ја прогласи за странска терористичка организација, иранските пратеници денеска почнаа парламентарна седница извикувајќи „смрт на Америка“. Многу пратеници носеа униформи на Револуционерната гарда, за да покажат поддршка за оружената формација. Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани американската одлука Револуционерната гарда да ја прогласи за терористичка организација ја […]

Гутереш: Итно да прекинат борбите во Либија, не постои воено решение


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја осуди ескалацијата на насилството околу главниот либиски град Триполи и повика на итно запирање на борбите. Тој наведе дека не постои воено решение за судирот во Либија. Генералниот секретар на ОН ги повика сите страни веднаш да се вклучат во дијалогот за да се најде политичко решение […]

Одбиено барањето на АКП за пребројување на гласовите во 31 округ во Истанбул


Турција – Турската Врховната изборна комисија (ЈСК) го одби барањето на владејачката Партија на правда и развој (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за пребројување на сите гласови во 31 истанбулски кварт, изјави денеска член на комисијата. Турскиот претседател Ердоган вчера изјави дека разликата во бројот на гласови што ги освоија двата главни кандидати во […]

Внуката на Садам Хусеин напиша книга за нејзиното семејство


Ирак– Луѓето имаат погрешна претстава за она што се случило во Ирак, изјави внуката на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, Харер Хусеин Камел која се надева дека нејзината нова книга ќе ја расветли вистината за нејзината земја и семејство. – Избрав да напишам книга за да ја кажам вистината. Историјата на мојата земја е погрешно […]

Трамп го менува директорот на американската тајна служба


Американскиот претседател Доналд Трамп го менува директорот на американската тајна служба Рандолф „Текс“ Алес, јавува Си-Ен-Ен. Како што информираат медиуми, Алес бил замолен да ја напушти својата позиција. Директор на тајната служба директно и одговараше на министерката за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен, која поднесе оставка во неделата. -Во втората најголема национална агенција за безбедност, се […]

Путин: САД со одлуката за Голанската Висорамнина ја кршат резолуцијата на ОН


Претседателот на Русија Валдимир Путин денеска изјави дека одлуката на САД да ја признаат Голанската Висорамнина како територија на Израел претставува кршење на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации. -Што се однесува за признавањето на Голанската Висорамнина како дел од израелска територија, го знаете ставот на Русија за тоа, рече Путин по разговорот […]

Путин: САД со одлуката за Голанската Висорамнина ја кршат резолуцијата на ОН


Претседателот на Русија Валдимир Путин денеска изјави дека одлуката на САД да ја признаат Голанската Висорамнина како територија на Израел претставува кршење на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации. -Што се однесува за признавањето на Голанската Висорамнина како дел од израелска територија, го знаете ставот на Русија за тоа, рече Путин по разговорот […]

Ердоган и Путин се сретнаа во Москва


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва се сретна со својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган заради зделката за против-воздушна одбрана, која го предизвика гневот на Вашингтон, јави ДПА. Со зајакнувањето на врските меѓу Русија и Турција, билатералната трговија порасна за 15 отсто и достигна 25 милијарди долари, изјави Путин на средбата со Ердоган во […]

Парламентарни избори во Израел


Израелците утре ќе избираат нов Парламент со 120 членови и ќе „пресудат“ за натамошниот политички ангажман на сегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се кандидира за свој петти мандат и покрај обвинувањата за корупција. Најголем проблем на кампањата на владејачката партија Ликуд (Обединување) е токму вмешаноста на Нетанјаху во три корупциски случаи, што им отвора пат […]

Заштитник за приватност на Нов Зеланд: Фејсбук е морално банкротиран


Новозеландскиот комесар за заштита на приватноста Џон Едвардс оцени дека социјалната мрежа Фејсбук морално банкротирала и се заложи неговата земја да ја следи Австралија која воведе закони кои предвидуваат апсење на директорот на мрежата ако насилство се пренесува во живо, како што беше случајот со нападот на џамиите во Крајстчрч. Едвардс и претходно го критикуваше […]

Кина до 2035 година ќе изгради дури 216 нови аеродроми


  Кина во октомври минатата година имаше 234 цивилни аеродроми, а во план е до 2035 година тој број да се зголеми на 450. Податоците покажуваат дека побарувачката за патнички авиотранспорт во Кина ќе ја надмине онаа од Соединетите Американски Држави до 2035 година, што покрива четвртина од сите летови во светот. Минатата година низ […]

Економскиот мотор на Европа во проблеми, сите стравови се оправдани


Извозот и увозот од Германија паднаа повеќе од очекуваното во февруари, покажуваат најновите трговски податоци. Овие податоци се уште еден од знаците кои во последно време поттикнуваат загриженост за најголемата европска економија. Извозот во февруари се намалил за 1,3 отсто, известува германскиот Федерален завод за статистика, што е уште пониско од падот од 0,5 отсто […]

Ердоган не го дава Истанбул: Опозицијата не може да прогласи победа


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека разликата во гласови за двајцата кандидати на изборите во Истанбул е премала за опозицијата да прогласи победа, додека неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) бара повторно пребројување на гласовите за да се спротивстави на „организираниот криминал“. Првичните резултати од минатата недела покажаа тесна победа на […]

Норвежаните ѝ вртат грб на нафтата, на неа им се темели богатството


Норвешка, најголемиот западноевропски производител на нафта, се одлучи за радикален пресврт во својата политика кон нафтената индустрија. Во текот на викендот, опозициската Лабуристичка партија одлучи да го смени ставот и да престане да го поттикнува производството на нафта на подрачјето на Лофотските острови на северот на Норвешка, што во парламентот оформи силно мнозинство против дупчење […]

Руската флота е на готовс поради вежба на НАТО во Црното Море


Извидувачките и јуришни бродови на руската Црноморска флота, како и нејзините крајбрежни ракетни системи се во зголемена готовност поради НАТО вежбата во Црно Море, соопшти Контролниот центар за национална одбрана на руското Министерство за одбрана. Центарот наведува дека Црноморската флота презема низа мерки за набљудување на бродовите на НАТО. – Извидувачките бродови, како и групите […]

Борис Џонсон против царинска унија меѓу Велика Британија и ЕУ


Поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон во авторски текст објавен во денешниот број „Дејли Телеграф“ наведува дека Велика Британија не смее да се согласи на трајна царинска унија со ЕУ. Според Џонсон, воспоставувањето на царинска унија меѓу Велика Британија и ЕУ, како што предложи лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, би ја […]

Во Јемен прогласена вонредна состојба поради епидемија на колера


Хусите во Јемен прогласија вонредна состојба со цел борба против епидемијата на колера, која е распространета во подрачјата што тие ги држат под контрола, јави агенцијата Анадолија. Новинската агенција „Саба“, која е поврзана со Хусите, јави дека Таха ел Мутевекил, кој ја врши функцијата министер за здравство во формираната Влада, соопштил оти е прогласена вонредна […]