Путин: САД со одлуката за Голанската Висорамнина ја кршат резолуцијата на ОН


Претседателот на Русија Валдимир Путин денеска изјави дека одлуката на САД да ја признаат Голанската Висорамнина како територија на Израел претставува кршење на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

-Што се однесува за признавањето на Голанската Висорамнина како дел од израелска територија, го знаете ставот на Русија за тоа, рече Путин по разговорот со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.

Рускиот претседател истакна оти таквата одлука на Вашингтон е спротивна на релевантната Резолуција на Советот на безбедност на ОН.