Трамп го менува директорот на американската тајна служба


Американскиот претседател Доналд Трамп го менува директорот на американската тајна служба Рандолф „Текс“ Алес, јавува Си-Ен-Ен.

Како што информираат медиуми, Алес бил замолен да ја напушти својата позиција.

Директор на тајната служба директно и одговараше на министерката за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен, која поднесе оставка во неделата.

-Во втората најголема национална агенција за безбедност, се случува систематско чистење, изјави неименуван висок официјален претставник за Си-Ен-Ен.

Белата куќа во април 2017 година го постави пензионираниот генерал-мајорот маринецот Рандолф Алес за нов директор на Тајната служба на САД.

Алес беше во маринците 35 години, а беше и заменик комесар на граничната и царинската заштита.