Кина до 2035 година ќе изгради дури 216 нови аеродроми


 

Кина во октомври минатата година имаше 234 цивилни аеродроми, а во план е до 2035 година тој број да се зголеми на 450.

Податоците покажуваат дека побарувачката за патнички авиотранспорт во Кина ќе ја надмине онаа од Соединетите Американски Држави до 2035 година, што покрива четвртина од сите летови во светот.

Минатата година низ кинеските аеродроми поминаа 552 милиони патници, а предвидувањата се дека тој број ќе порасне на 720 милиони до 2020 година.

Моменталниот број на аеродроми нема да можат да прифатат толкав број патници, па изградбата на дополнителни аеродроми е логичен потег.