Економскиот мотор на Европа во проблеми, сите стравови се оправдани


Извозот и увозот од Германија паднаа повеќе од очекуваното во февруари, покажуваат најновите трговски податоци. Овие податоци се уште еден од знаците кои во последно време поттикнуваат загриженост за најголемата европска економија.
Извозот во февруари се намалил за 1,3 отсто, известува германскиот Федерален завод за статистика, што е уште пониско од падот од 0,5 отсто кој го предвидоа економистите. Увозот паднал за 1,6 отсто, откако еден месец претходно се зголемил за 1,4 отсто.
Карстен Брзески, главен економист на германската ING, изјави дека е јасно дека германската економија “се уште се бори”.
“Извозот на овој сектор во текот на целата 2018 година бил како на ролер-костер возење, со проблеми на пазарите во развој, трговската тензија меѓу САД и Кина, американскиот протекционизам, можни ладења на кинеската економија и зголемен страв од излегување на Велика Британија од ЕУ без договор. Се чини дека има премногу различни кризи во глобалната трговија за да германскиот извозен сектор во исто време им пркоси на сите”.
Сепак, тој додаде дека изгледите би можеле да бидат позитивни ако геополитиката се сврти кон подобро. Неодамнешните показатели упатуваат на закрепнување на глобалната трговија од почетокот на годината, додека олеснувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина би требало да помогнат во германскиот извоз.