(Видео) Детали за апсењето на Асанж


Британската полиција денеска го уапси основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон. Скотланд Јард соопшти дека дека бил поканет во Амбасадата од страна на еквадорскиот амбасадор, откако неговата земја го укинала азилот на Асанж, јави Би-Би-Си. Тој ќе остане во притвор во централната полициска станица во Лондон, додека да се појави […]

Москва се надева дека правата на Асанж ќе бидат почитувани по неговото апсење


  Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека се надева оти сите права на основачот на „Викиликс3 Џулијан Асанж, кој денеска е уапсен во Лондон, ќе бидат почитувани. „Ако наводите во медиумите се точни, тој е упасен во Лондон, така што немам што повеќе да додадам. Ние се надеваме, секако, дека сите права ќе бидат […]

Русија го усвои спорниот закон за ограничување на интернетот


Руските законодавци на четврто читање го одобрија спорниот предлог-закон, кој ќе и овозможи на Москва да го запре интернет сообраќајот во земјата за странски сервери. Со 320 гласови „за“ и 15 „против“ Думата го усвои предложениот закон, кој ќе стапи во сила на 1 ноември. Руската Влада оцени дека со таквото законско решение ќе биде […]

(Видео) Британската полиција го уапси Асанж


Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Како што јави ДПА, Асанж бил уапсен откако ја напуштил зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години. „Џулијан Асанж, 47, денеска, четврток 11 април, е уапсен од офицери на Метрополитен полицијата во Амбасадата на Еквадор“, велат од полицијата. Од […]

Макрон: Постигнавме најдобар можен компромис за Брегзит


Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави договорот за пролонгирање на Брегзит до 31 октомври и оцени дека е постигнат најдобриот можен компромис. Рокот утврден на 31 октомври не заштитува бидејќи во прашање е клучен датум, пред воспоставување на новата Европска комисија, истакна Макрон по вчерашниот вонреден самит на ЕУ, на кој се одлучи за ново […]

Доставувачите штрајкуваат во Солун и Атина, наместо доставување храна, нудат рецепт за тестенини


Доставувачите на храна и брза пошта, како и надворешните соработници на компаниите задолжени за дистрибуција со мотоцикли во Грција, од утрово започнаа 24-часовен штрајк, поради што Солун и Атина денеска се без служби за достава. Како што јави дописничката на МИА од Атина, вработените во конкретната област бараат службени мотоцикли и опрема за лична заштита, […]

(Видео) „Циклонска бомба“ го погоди Колорадо, повикана и Националната гарда


  Снежна бура зафати поголемо подрачје на сојузната американска држава Колорадо, од Карпестите планини до Големата рамнина, поради што гувернерот ја активира Националната гарда. Американската метеоролошка служба предупреди дека снежната бура, следена со силни удари на ветар од Колорадо до Минесота и претставува ризик по животите на жителите, пренесе „Ројтерс“. Бурата е квалификувана како „циклонска […]

Хаос во Судан: Извршен воен пуч, претседателот уапсен?


Суданската војска го симна претседателот Омар Ал-Башир, го уапси и ја отпушти владата. Ројтерс наведува дека Башир поднел оставка и дека во тек се косултации. Либанската телевизија „Мајадин“ соопшти, повикувајќи се на свои извори, дека оружените сили на Судан одлучиле да го симнат од власт претседателот Башир и да ја распуштат владата, пренесе „Спутник“. Весникот […]

Брегзит одложен до 31 октомври


Белгија – Лидерите на ЕУ на синоќешниот вонреден Самит во Брисел постигнаа договор за одлагање на британското истапување од Унијата до 31 октомври, со дополнително разгледување на ваквата одлука на средбата на врвот во јуни, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Тој информира дека и британската премиерка Тереза Меј се согласила со одлуката […]

Венецуела ги обвини САД дека подготвуваат терен за инвазија


Амбасадорот на Венецуела во ОН Самуел Монкада денеска изјави дека американската влада ѝ се заканува на неговата земја со војна и „подготвува терен за инвазија”. -Мораме да ја сопреме оваа војна на Доналд Трамп, изјави Монкада пред Советот за безбедност. Според него, хуманитарната криза во Венецуела е „директен плод на планот за економско уништување, подготвен […]

Опозицијата го призна поразот на изборите во Израел


Лидерот на Сино-белата коалиција Бени Ганц, главниот ривал на премиерот Бенјамин Нетанјаху, вечерва го призна поразот на парламентарните избори. Тој рече дека сојузот Сино-бело „ја прифаќа одлуката на нацијата”. -Ние сите ја почитуваме и прифаќаме одлуката на претседателот и што и да произлезе од тоа, рече Ганц, поранешен командант на израелската армија, алудирајќи на улогата […]

Во Брисел почна самитот на лидерите на ЕУ за Брегзит


Во Брисел почна вонреден самит на лидерите на Европската унија, на кој се разговара за претстојното излегување на Велика Британија од таа организација. – Дојдов на самитот со барање до лидерите на Европската унија да го одложат Брегзит на краток рок, изјави британската премиерка Тереза ​​Меј при влезот во седиштето на Европската унија. Истакнувајќи дека […]

Тачи вознемирен поради негирањето на српските масакри во 1998-99 година од страна на Вучиќ


Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази големо разочарување поради одбивањето на актуелните српски власти, меѓу кои и на претседателот Александар Вучиќ, да ги признаат злосторствата што воено-полициските и парамилитарните српски единици, командувани од Слободан Милошевиќ, ги извршија врз косовското цивилно население во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Реакцијата на Тачи следува по денешната […]

Mајк Пенс бара од ОН да го признаат Гуаидо за легитимен лидер на Венецуела


Американскиот потпретседател Мајк Пенс побара денеска од ОН да ги укине надлежностите на пратеникот на Владата на претседателот Николас Мадуро и да го признае Хуан Гуаидо за легитимен лидер на Венецуела. Пенс истакна дека САД подготвиле резолуција и ги повика сите држави да ја поддржат. – Дојде моментот ОН да го признаат привремениот претседател Хуан […]

Прва фотографија од црна дупка од далечна галаксија


Научниците кои учествуваат во проектот „Event Horizon Teleskope“ ги објавија првите фотографии од црна дупка, која се наоѓа во оддалечена галаксија. Проектот е започнат пред две години со задача набљудување и обид за фотографирање на црната дупка. На неколку конференции во Вашингтон, Брисел и пет други градови, научниците објавија дека конечно постигнале успех. Црните дупки […]

Данска почесто го нарушува воздушниот простор на Шведска од Русија


Скандинавскиот сосед на Шведска, Данска почесто го вклучува алармот од Русија, за нарушување на воздушниот простор на земјата, одговори министерот за одбрана на Шведска, Клаус Хјорт Фредериксон. Русија три пати го вклучила шведскиот аларм во последните три години, а Данска во истиот период тоа го направила девет пати, рече Фредериксон, одговарајќи на прашање на опозицијата. […]

На Малта запленет кокаин вреден 2,7 милиони евра


Властите на Малта во еден контејнер откриеле и заплениле 27 килограми кокаин. Запленетата дрога на Малта пристигнала од Јужна Америка, а крајната дестинација била Албанија. Вредноста на кокаинот, кој бил спакуван во 20 пакети, е поценета на 2,7 милиони евра. – Акцијата е реализирана во соработка со Царинската управа, полицијата и локалните власти. Одличната соработка е […]

Меркел со услови за пролонгирање на Брегзит


Институциите на ЕУ мора да продолжат да функционираат непречено, Велика Британија да учествува на евроизборите во мај и подготвеност на Лондон за „конструктивно учество“ во носењето одлуки се условите на германската канцеларка Ангела Меркел за пролонгирање на Брегзит. Обраќајќи се пред германските пратеници, само неколку часа пред Самитот на ЕУ во Брисел на кој треба […]

(Видео) Популарен хотел на Тајланд во пламен – луѓе скокаат од прозорци


Во хотелот „Центар гранд“ во Банкок, Тајланд, изби голем пожар. Најмалку три лица загинаа скокајќи од прозорец, обидувајќи се да се спасат од огнените пламени. Пожарот избувна во попладневните часови, а густ, црн чад се крева од зградата и може да се види од далечина. Застрашувачки сцени споделија корисниците на социјалните мрежи.   There is/was […]

Нов Зеланд усвои закон за забрана на војничкото оружје


Со само еден глас „против“ Парламентот на Нов Зеланд го усвои предлог-законот со кој се забранува поседување на најголем дел од автоматското и полуавтоматското оружје. Предлог-законот е усвоен за помалку од еден месец по нападот изведен во две џамии во Крајстчрч, при што загинаа 50 муслимански верници. Предлогот би требало да стане закон в петок, […]