На Малта запленет кокаин вреден 2,7 милиони евра

Властите на Малта во еден контејнер откриеле и заплениле 27 килограми кокаин.

Запленетата дрога на Малта пристигнала од Јужна Америка, а крајната дестинација била Албанија.

Вредноста на кокаинот, кој бил спакуван во 20 пакети, е поценета на 2,7 милиони евра.

– Акцијата е реализирана во соработка со Царинската управа, полицијата и локалните власти. Одличната соработка е пресуден фактор кој пристаништето го прави едно од најсигурните во регионот, стои во соопштението на Царинската управа на Малта.